Во Литванија Владата ја регистрираше Константинополската егзархија

Пишува: Елена Ошанина

Министерството за правда на Литванија го одобри формирањето на егзархија на Константинополската патријаршија, пренесува ТАСС, повикувајќи се на претставникот на министерството, Паулус Жејмис.

Тој изјави дека формирањето на Константинополската егзархија во државата не е во спротивност со литванското законодавство и оваа структура ќе биде запишана во државниот регистар на правни лица.  Според Жејмис, документите доставени во регистарот мора да бидат разгледани во наредните денови.

Да потсетиме дека Литванија е канонска територија на Московската патријаршија. Во оваа земја дејствува Литванската црква. Во мај 2022 г., митрополитот Литвански Инокентиј се обрати до претстоителот на Руската православна црква со барање на Православната црква во Литванија да ѝ се додели статус на самоуправна Црква.

Во март 2023 г., патријархот Вартоломеј и премиерот на Литванија потпишаа документ за создавање на егзархија. За таа цел, петмина поранешни свештеници на Литванската црква на Московската патријаршија, кои митрополитот Инокентиј ги расчини, Фанар, со своја одлука, ги востанови во чинот.

Извор: https://spzh.media/ru/news/78748-v-litve-vlasti-zarehistrirovali-konstantinopolskij-ekzarkhat