Во Техеран отслужен благодарствен молебен

На 23 февруари 2024 година, во храмот „Св. Никола“, во Техеран (Иран), беше отслужен благодарствен молебен. Со богослужбата началствуваше старешината на храмот „Св. апостол Филип“ во Шарџа и на храмот „Св. Никола“ во Техеран, архимандритот Александар Заркешев од Руската православна црква. Нему му сослужуваа игуменот Варлаам Дуљски и ѓаконот Алексиј Костин. По завршување на молебенот, ѓаконот го возгласи востановеното многулетствие, по што отец Александар ги поздрави сите присутни на молитва во храмот, и им даде пастирски благослов.

Со залагање и труд на црковниот одборник Емануил Ширан, и на парохијаните, за сите присуни беше приредена празнична трпеза во претставничката сала при храмот.

На 21 февруари годинава, архимандритот Александар Заркешев, остварувајќи пастирско патување по Исламската Република Иран, го посети храмот „Св. Троица“. Тој е најстариот сочуван православен храм во Иран, изграден на руските православни гробишта во 1908 година. При тоа, отец Александар донесе во храмот нови црковни предмети. Во обновениот олтар беше отслужена служба за сите православни христијани, погребени на тие гробишта. Истиот ден, тој началствуваше на панихидата за советските војници, загинати во Иран во годините на Големата татковинска војна (Втора светска војна).

Извор: https://mospat.ru/ru/news/91430/