Литургиски простор и време – предавање на Летната демирхисарска школа

На 9 јули 2026 година, во Домот на културата во Демир Хисар, во рамките на Летната демирхисарска школа, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован одржа предавање на тема: „Литургиски простор и време”.

Летната демирхисарска школа е научно-едукативна манифестација која традиционално се одржува секоја веќе деветта година по ред, од 7 до 12 јули, во духовното средиште на Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“ во Демир Хисар. Опфаќа теренски научноистражувачки посети, предавања и архитектонски или историски студии. Настанот е поддржан од Општина Демир Хисар, а негов научен раководител е проф. д-р Сашо Цветковски.

Предавањето може да се погледне на следната видео снимка.

Предавање на Летната демирхисарска школа - Литургиски простор и времеПредавање на Летната демирхисарска школа – Литургиски простор и време

Извор: https://krushdem.org/2026/07/09/liturgiski-prostor-i-vreme-predavanje-na-letnata-demirhisarska-shkola/