Церемонијата за отворање на Олимписките Игри во Париз во петок, 26 јули 2024 година, предизвика лоши реакции кај многумина во и надвор од Грција, и беше опишана со остри зборови и силни изрази, и за одредени сцени и за церемонијата во целост, и тоа со право. Многу луѓе зборуваа за движењето „Воук“ што преовладува во Западниот свет, особено во Америка.
Но, за оние што ја следат идеолошката, филозофската, културната и социјалната динамика во Западниот свет, во Европа и особено во Франција, овие појави не изгледаат чудно. Ние, затворени во нашето ограничено опкружување, ја игнорираме разновидноста на револуциите што се случија во Европскиот простор и имаме погрешни впечатоци за светот што нè опкружува.
Потребно е да сфатиме дека отстапувањето на Западот со својот схоластицизам од Православната теологија, со откровенската вера и православниот монашки живот, создаде потреси и преуредувања во Западниот простор, особено во Европа, и доведе до развој на многу теолошки, филозофски, психолошки и социолошки струи. Америка е земја на слобода и оставен е простор за истражување на православната теологија, додека Европа е пронижена со строги филозофски и атеистички системи кои не дозволуваат цутење на православната теологија. Сепак, постојат некои православни „меурчиња“, но генерално преовладува рамнодушноста.
Она што го покажа церемонијата за отворање на Олимписките Игри е општиот дух што преовладува во тврдото јадро на Европа. Оној што ги чита текстовите од свети Јустин Нови Исповедник (Поповиќ) ќе го види тоа јасно.
Постмодерниот свет бара нешто ново над „општиот замор“ што го живее, па затоа се наоѓа во состојба на „градење и преуредување“, но и „разградување“. Постмодерното општество се карактеризира со три особини: „оспорување на авторитетот“, „уништување на логичката структура“ и „губење на распознавањето“ и така води до културата „Воук“. Тоа е движење на плурализам и апсолутен човекоправизам, како што го гледаме силно во „Воук“ движењето.
Православната Црква треба да го следи целото оваа движење, да истражи од каде започнало, кои се неговите карактеристики, како влијае на настаните во општеството и како го обликува современиот човек, па дури и православниот христијанин, со таканаречената постпатристичка и контекстуална теологија, но и како влијае на современото институционално право. И тоа е неопходно да го знае православниот теолог и свештеник за да го определи начинот на пастирската работа со современиот човек.
(Извадок од текстот „Од Просветителството до Постмодернизмот и движењето ’Воук’“ на Митрополитот Навпактски Јеротеј Влахос)
Извор: https://www.pemptousia.gr/2024/08/apo-ton-diafotismo-stin-metaneoterikotita-ke-to-woke-kinima/