Нова видео содржина: Толкување на Евангелието според Матеј

Во наредниот период на Јутјуб каналот на црковниот портал „Литургија.мк“ ќе бидат објавувани видео снимки од предавањата по веронаука на тема: „Толкувања на Евангелието според Матеј од светите отци на Православната Црква“.

Овие предавања се одвиваа со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во храмот „Св. Тројца Јерарси“ во Скопје, во текот на 2024 и 2025 година, а ги држеше архимандритот Иринеј (Стефановски).

Првото видео од овој циклус предавања го објавуваме денес, на денот кога се празнува споменот на значајниот просветител св. Кирил Лешочки, во периодот на Великиот Пост којшто е погоден за молитвено изучување на Светото Писмо.

Толкувања (1 дел) на Евангелието според Матеј од Светите Отци на Православната ЦркваТолкувања (1 дел) на Евангелието според Матеј од Светите Отци на Православната Црква