Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, на покана на Родителски фронт, присуствуваше на втората трибина на тема „Медицинската транзиција кај децата – научна (не)оправданост и етички предизвици” што се одржа во вторникот, на 24 декември годинава, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, во Кисела Вода, Скопје.
На трибината учествуваа еминентни стручњаци од различни области: проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ, клинички психолог, д-р Петар Марков, специјалист абдоминален хирург и проф. д-р Велибор Тасиќ, педијатар нефролог.
Поради големиот интерес и опфатот на темата од Родителски фронт најавија организирање на нова трибина на којашто ќе продолжи дискусијата за ова актуелно прашање.







