Изложба „Акварели од Света Гора“ во Солун

На 25 јуни, во вторник, во „Светогорската Куќа“, во Солун, беше отворена изложбата на слики „Акварели од Света Гора“ со дела од Константинос Керестеѕис, од неговото патување на Атос.

На отворањето присуствуваа министерот за Македонија и Тракија г. Константинос Ѓулекас, пратеникот на Солун г. Димитриос Кувелас, архимандритот п. Ефрем Ѓивисис како претставник на Солунскиот Митрополит г. Филотеј, заменик-управителот на Солунската област г. Константинос Ѓутикас, градоначалникот на Солун и претседател на управниот одбор на „Светогорската Куќа“ г. Стелиос Ангелудис, јеромонах Јероним Симонопетриски, регионалната советничка на Солунската област г-ѓа Олија Василаки, деканот на Теолошкиот факултет на Аристотеловиот Универзитет во Солун г. Хрисостомос Стамулис, членовите на управниот одбор на „Светогорската Куќа“ и многу љубители на уметноста кои беа водени низ изложбата од самиот уметник и ги слушнаа неговите животни искуства од патувањата на Света Гора.

Јеромонахот Јероним Симонопетриски го прочита поздравот на Светогорската заедница, каде што, меѓу другото, се спомена за Света Гора како место каде многу уметници доаѓаат за да го пренесат мистичниот живот на монасите кои живеат таму, додека градоначалникот на Солун во својот поздрав му се заблагодари на Константинос Керестеџис за неговата соработка со „Светогорската Куќа“, зборуваше за долгогодишните врски на Солун со Света Гора, истакнувајќи дека Солун е благословен град бидејќи е сосед со Светогорскиот Полуостров, и го истакна делото на институцијата, кое – како што рече тој – ќе го поддржува за време на својот мандат како претседател на институцијата. Г-ѓа Олија Василаки го пренесе поздравот на гувернерот и зборуваше за замисленото патување што го направила гледајќи ги делата на Керестеџис.

На крајот, самиот уметник зборуваше од срце за животното искуство што го имал во сите многубројни патувања на Света Гора, за односите што ги стекнал со монасите, за промените што ги донел светогорскиот монашки живот во неговата личност, како и за акварелите што ги направил за време на своето последно патување во 2023 година, кога останал на Света Гора три и пол месеци патувајќи и сликајќи во разни манастири и области на Света Гора.

Да потсетиме дека Константинос Керестеџис е роден во 1969 година во Драма, студирал сликарство во Атина, а потоа и во Шпанија. Живее и работи во Атина и Истанбул. Неговите дела се наоѓаат во многу приватни колекции и музеи во Грција, Шпанија и Англија, а има многубројни самостојни изложби во Грција, Шпанија, Истанбул и Лондон.

Изложбата ќе остане отворена до 30 септември 2024 година, влезот е бесплатен и ќе биде отворена за посетители во работното време на книжарницата на „Светогорската Куќа“:

* Понеделник, среда: 9:00 – 16:00

* Вторник, четврток, петок: 9:00 – 20:00

* Сабота: 9:00 – 15:00

* Недела: затворено

* Од 29 јули до 17 август: отворено само од 9:00 – 16:00, а во истиот период саботи и недели затворено.

Извор: https://www.pemptousia.gr/2024/06/akouareles-apo-to-agion-oros/