Честитка од Рускиот Патријарх Кирил до Архиепископот Стефан по повод неговиот 70 роденден

Неговата Светост Патријархот Московски и сета Рус г.г. Кирил, на 1 мај 2025 година му упати честитка на Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден.

Писмото, објавено на официјалната интернет страница на Руската Православна Црква, во продолжение го пренесуваме во целост.

До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски,
Митрополит Скопски

Ваше Блаженство, возљубен Собрат и Сослужител пред Божјиот Престол!

Христос воскресе!

Упатувајќи Ви го овој радосен пасхален поздрав, од сè срце Ви го честитам Вашиот 70-ти роденден.

Уште од младоста, откако го чувте повикот на Спасителот да се одречете од себе и да Го следите, земајќи го својот крст (Мт. 16,24), целосно Му се посветивте на Господа и постојано се стремевте да пребивате во молитва и во служба на словото (Дела 6, 4). По Божјата милост, се воздигнувавте од сила во сила (Пс. 83, 8) и стекнавте голема љубов и почит од клирот и паството, кои по премудрата Промисла на Седржителот Ве избраа на првосвештеничкиот трон на древниот Охрид — словенскиот Ерусалим, кој со трудот на Вашето Блаженство повторно заблесна како светла ѕвезда во семејството на Помесните Православни Цркви.

Во овој торжествен за Вас ден, молитвено Ви посакувам крепко здравје, душевен мир и неисцрпна помош од Господа за многу и благи години на Вашата предстојателска служба.

Со братска љубов во Воскреснатиот Христос,

+ Кирил,
Патријарх Московски и на сета Рус

Извор: https://www.patriarchia.ru/db/text/6205566.html