До
Шаќир Фетаху, Реис-ул-Улема,
Поглавар на Исламската верска заедница
во Република Македонија
Почитуван Ефенди Фетаху,
По повод празникот Курбан Бајрам, Вам и на верниците од исламска вероисповед, Ви упатуваме искрени честитки, посакувајќи празничните денови да ги поминете во мир, здравје и духовна радост.
Празникот на жртвата и дарувањето нè потсетува на човекољубието, милосрдието и грижата за ближните. Овие добродетели остануваат темел за меѓусебно почитување и зацврстување на заедничкиот живот меѓу луѓето.
Нека празничните денови донесат благослов, спокој и добрина во домовите на сите верници, како и поттик за мир, солидарност и напредок во нашето општество.
Честит Курбан Бајрам!
Со почит,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН
