Митрополитот Георгиј на „Тема на денот“ на Сител телевизија

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј гостуваше на емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија објавена на 2 мај 2026 година.

Во разговорот Неговото Високопреосвештенство зборуваше за предизвиците со кои се соочува во епархијата Дебарско-кичевска, за вклученоста на младите во црковниот живот, за оданочувањето на верските заедници и за други актуелни прашања што ја засегаат Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

„Мојата порака би била веројатно онаа истата од Свети Климент, да не бидеме христијани само по име, туку и по дело. Тоа значи дека треба да го развиваме духот на заедништво, на меѓусебна поддршка, на помош, духот на љубовта, милосрдието, да бидеме црквољубиви, но и да го живееме животот според нашето верување“ – истакна на крај Митрополитот Георгиј.

На следната снимка може да се проследи разговорот во целост.

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевскиТема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски