„Спасителови чеда со души девствени и на Црквата украси достојни сте
зашто секоја лага ја разобличивте со подвиг и вера огнена,
Спасе сечесен и Спасо со чисто срце,
постанавте жители на Рајот и за нас брзи застапници“
(тропар на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска).
Според Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а на предлог на Комисијата за канонизација на светии, светите преподобни Спасе и Спаса беа вброени во диптихот на светиите, а како ден за нивно празнување се определи Неделата на Слепиот – Неделата пред Вознесението Христово.
Почитувајќи ја оваа Одлука, свечената објава на канонизацијата се случи токму во оваа недела, која годинава беше на 9 јуни. За свечената богослужба веќе известивме, а во продолжение приложуваме фотографиите од вечерната богослужба на 8 јуни и од Божествената Литургија на 9 јуни.
Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3670-svechena-kanonizacija-na-vishenskite-svetii