Известување по повод 25 годишнината од востоличувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

По повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за Поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утре, недела, (6.10.2024 година) со почеток во 09.00 ч. ќе се отслужи Божествена Литургија во Архиепископскиот Соборен храм ,,Св. Климент Охридски” во Скопје. Со Литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/25-godini-od-vostolicuvanjeti-2024/