Почитувани верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,
По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цареви Константин и Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје – со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан.
Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата Света Црква, на 28 септември 2025 година, во 8:30 часот.
Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-carevi-konstantin-i-elena-2025/
