Добротворна онлајн изложба на Бугарската Црква: „Деца цртаат за деца“

Културно-просветниот оддел на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква организира добротворна онлајн изложба во поддршка на детското одделение за уво-нос-грло при Универзитетската болница „Царица Јоана“.

Цртежите можат да се купат преку интернет, а со собраните средства ќе бидат набавени медицински кревети за одделението.

Објавените цртежи учествуваа на Националниот детски конкурс на Светиот Синод. Во продолжение пренесуваме дел од овие цртежи, а целиот број на цртежи може да се види преку линкот подолу.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/prodalzhava-blagotvoritelnata-onlayn-izlozhba-detsa-risuvat