Денови на православниот филм во Созопол, Бугарија

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Сливенскиот митрополит Арсениј, и годинава Црковниот одбор при храмот „Свети великомаченик Георги Победоносец“ во Созопол, Бугарија ги организира „Деновите на православниот филм“, кои ќе се одржат од 24 до 26 август, пренесува БГНЕС.

Културната иницијатива им овозможува на жителите и бројните гости на Созопол да погледнат избрани филмски остварувања со христијанска тематика и јасна морална порака. Во текот на трите вечери ќе бидат прикажани филмовите „Света Петка – Крст во пустината“, „Hello, Orthodox!“, „Мандарини“ и „Ковачот“.

„Целта ни е преку филмската уметност човекот да стигне до верата, до Христос“, изјави отец Димитар Попов. Тој изрази надеж дека во Созопол публиката ќе станува сè побројна и дека манифестацијата со текот на годините би можела да прерасне во „нешто балканско, па и меѓународно“.

Проекциите се одржуваат во Амфитеатарот во Созопол, а влезот е слободен.

Дни на православното кино в СозополДни на православното кино в Созопол

Извор: https://www.bgnes.bg/dni-na-pravoslavnoto-kino-v-sozopol