Од 23 до 25 август во Созопол, во Сливенската митрополија се одржа краткиот фестивал „Денови на православното кино“. Во три последователни вечери, од петок до недела, во амфитеатарот на градот има бесплатни проекции на филмови со православна тематика.
На 23 август беше проектиран документарниот филм на Николај Николов „Харизани“. Тој раскажува за древната традиција на харизанството, според која и денес мажи од цела Бугарија бесплатно работат за одреден период во Зографскиот манастир „Св. Ѓорѓи“ на Света Гора – Атос.
Следната филмска вечер (24 август) жителите и гостите на градот имаа можност да го гледаат филмот „Круната на старецот“. Документарниот филм раскажува за животот и чудата на современиот грузиски светител, преподобниот Гаврил (Ургебадзе).
Филмот „Каде си, Адаме?“ е предвидено да биде прикажан на 25 август. Украинско-грчката продукција раскажува за монашкиот живот на Света Гора. Сижето се развива во древниот манастир „Дохијар“ на западниот брег на Атос. Режисери на филмот се Александер Запорошченко и Александер Плиска.
„Деновите на православното кино“ се организираат со благослов на Сливенскиот митрополит Арсениј од црковното настојателство при созополската парохиска црква „Св. Ѓорѓи“, Општина Созопол и телевизијата „Епархиски глас“ при Софиската митрополија.
Извор: https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100723/catid,14/id,73556/view,article/