Деветти меѓународен филмски фестивал „Богородичен Покров“

Деветтиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности – „Богородичен Покров“ кој се одржува со благослов на  Архиепископот Охридски Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, и е единствен од ваков жанр во нашата држава, годинава се одржува Оn-Line од 30 ноември до 7 декември. 

Во програмата на фестивалот се прикажуваат филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови. 

Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државата и бројни стопански субјекти.

Почесен Претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски”  во Скопје, автор на многу  трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Р. Македонија во Ватикан. 

Програмата на фестивалот се состои од 11 филмови, обезбедени со подршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и Канал 5 ТВ од Македoнија.

Интернационална премиера на Фестивалот „Богородичен Покров“ годинава имаат филмовите: „Утрински ѕвона“ од Србија и Чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам“.

Генерални  покровители на Фестивалот се, традиционално,  Амбасадата на Руската Федерација  во Скопје, благодарение на големата поддршка  на г-динот Амбасадор Сергеј Баздникин, а годинава и на митрополитот Иларион (Алфеев) со 2 негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот.

Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ,  МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал

Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, инаку монтажер во МРТ и режисер , наградуван  за  бројни филмови, посебно за  историјата на Македонија и МПЦ-ОА  и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен пом. генерален директор на МРТ, 10-годишен член на Меѓународната академија на телевизиски науки и уметности во Њујорк – Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог. 

Отворањето на Фестивалот е на 30 ноември, сабота, во 21.00 часот со рускиот  документарен филм „Трновиот венец“, во кој се прикажува  историјата на Трновиот венец на Спасителот – една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови.

Линк на филмот на Youtube:

"ТРНОВИОТ ВЕНЕЦ" - руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."ТРНОВИОТ ВЕНЕЦ" – руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Исто така, отворањето на Фестивалот е истиот ден и со филмот  „Утрински камбани“  во 21.30 минути, со српскиот документарен филм, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега Eпископ хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о. Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане. После 20 години, во овој манастир пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони,  донација од православни браќа Руси.

Линк на филмот на Youtube:

"УТРИНСКИ КАМБАНИ" – српски документарен филм, Интернационална премиера на "Богородичен Покров""УТРИНСКИ КАМБАНИ" – српски документарен филм, Интернационална премиера на "Богородичен Покров"

Затворањето на Фестивалот е на 7 Декември, во 21.00 часот со македонскиот документарен филм од архивата на Канал 5 ТВ „Историјата на Црквата на Св.вмч. Димитриј” во Скопје.

Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј  на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за Архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Линк на филмот на Youtube:

ИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА “СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ” , македонски документарен филм, Архива Канал 5 ТВИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА “СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ” , македонски документарен филм, Архива Канал 5 ТВ

Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности  и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности.

Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.