Од 5 до 14 декември во Скопје ќе се одржи 10-то јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“. На фестивалот ќе бидат прикажани документарни и долгометражни филмови посветени на културното, духовното наследство и хуманоста, како и форуми за хумани вредности.
Фестивалот се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а негов почесен претседател е митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.
По свеченото отворање на 5 декември во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, фестивалската програма на ќе започне со проекција на рускиот документарен филм „Воведение во храмот“, во продукција на „Студио неофит“. Филмот во времетраење од 38 минути го истражува потеклото и духовното значење на празникот и историјата и традициите на овој патронен празник на манастирот на Оптинската пустина.
Во продолжение ја објавуваме целосната програма на овој фестивал.


