Краток филм „Свето Богојавление Охрид 2026“

На Јутјуб каналот на Дебарско-кичевската епархија на 27 јануари 2026 година беше претставен краткиот филм „Свето Богојавление Охрид 2026“.  Документарниот филм за Водици ја следи традицијата на празникот низ призма на верата, заедништвото и личните доживувања на учесниците. Преку автентични сцени, филмот ја доловува симболиката на осветената вода и значењето на овој обред во современиот живот, зачувувајќи ја врската меѓу минатото и сегашноста.

Филмот е продуциран од „Богојавление – Водици, Охрид“, во соработка со Општина Охрид, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј.

Автор на филмот е Бојан Симјаноски, кој исто така учествува и како снимател, видео-монтажер, директор на фотографија и режисер. Другите сниматели се: Никола Наумоски, Маја Наумоска и Александар Николоски. Во филмот е користена музика на Горан Трајковски, а тропарот на Богојавление е во изведба на митрополитскиот хор „Свети апостол Ерм“.

Свето Богојавление Охрид 2026 - Holy Epiphany Ohrid 2026Свето Богојавление Охрид 2026 – Holy Epiphany Ohrid 2026