Отворање на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“

На 5 декември 2025 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше отворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“. Фестивалот ќе трае до 14 декември и ќе понуди проекции на документарни и долгометражни филмови посветени на културното и духовното наследство, како и форуми за хумани вредности.

Филмскиот фестивал се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а почесен претседател на фестивалот е Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј. Митрополитот г. Георгиј како почесен претседател на фестивалот во своето обраќање на отворањето истакна:

„Раскажувањето приказни отсекогаш било грандиозно дело. И Господ Исус Христос не поучуваше преку апстрактни идеи, туку преку параболи — стории, за сејачот кој сее, за заблудениот син кој се кае. Во тој ист дух, и филмските уметници успеале да исткаат современи параболи. Преку нивната уметност, повредените наоѓаат поткрепа, изморените одмор, а и оние што се сметале загубени откриваат дека никогаш не биле надвор од досегот на Божјата милост и благодат.

Па така, филмовите што ќе имаме можност да ги погледаме не се само обични слики кои се движат на екранот; напротив, тие се садови со жива вода, нацрпени од длабоките бунари на евангелската духовност“.

Во рамки на отворањето на фестивалот беше истакнато и учеството на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој ја отстапи од Битола во Соборниот храм во Скопје, копија од иконата „Небесна Царица“, во чест на јубилејот.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/16yr9o3i4S/