На 24 септември 2024 година, со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во кино салата при националната установа „Никола Јонков Вапцаров“, во Делчево, беше прожектиран шпанскиот филм „Морето во мене“ (Mar adentro), на режисерот Алехандро Аменабар.
По завршувањето на филмот, кон присутните се обрати Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид. Тој преку кинематографијата зборуваше за појавата на монофизитизмот, иконоборството, идолатријата, за филмската уметност во насока на културата на воплотувањето, и поконкретно за разните теми кои ги третира филмот, помеѓу кои истакнато место, бездруго, зазема евтаназијата.
Во продолжение следуваа прашања и се разви дискусија во која, беа анализирани одредени сцени од филмот, кои во себе содржат длабоки теолошки погледи кон живот.
Се надеваме, дека и понатаму ќе се одржуваат вакви културни настани во градот Делчево, со што во иднина кај гледачката публика се повеќе би се изнедрил вкусот за добар филм.