Во попладневните часови на 12 февруари 2026 година, во Домот на културата во Македонска Каменица, со благослов на Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во рамките на прославата на празникот на светите Три Јерарси, се одржа промоција на филмот „Железна тврдина“ на режисерот Митко Панов.
По завршувањето на проекцијата, за филмот говореше Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид.
На крајот следеше богата и плодотворна дискусија помеѓу присутните гледачи, од една, и режисерот Митко Панов и епископите Марко и Давид, од друга страна.





