Се снима филм за свети Сава Српски

Неговата Светост патријархот Српски Порфириј на 17 јули годинава, во криптата на храмот „Св. Сава“, во Белград, ги сними воведните и завршните сцени за документарниот филм и серијата посветени на свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител.

Документарниот филм и серијата „Свети Сава“ се снимаат на автентични локации во Србија, на Света Гора и во Соединетите Американски Држави, со цел да се прикаже универзалното значење на свети Сава како духовен учител, просветител, дипломат и градител на мостови меѓу луѓето. Проектот преку современ филмски израз го поврзува историското наследство со современото време и покажува дека пораката на свети Сава останува актуелна и инспиративна за новите генерации.

Продуценти на проектот се „Оптимистик филм“ и „Телеком Србија“. Режисер и продуцент на филмот е д-р Жељко Мирковиќ, меѓународно наградуван документарист и професор на Универзитетот во Конектикат.

Документарниот филм и серијата имаат за цел да остават трајно културно и духовно сведоштво за идните генерации, потсетувајќи дека верата, образованието, заедништвото, љубовта и одговорноста кон другите се вредности кои со векови го обликувале српскиот народ – се вели во известувањето на сајтот на Српската Црква.

Извор: https://spc.rs/sr/news/patrijarh//17246.patrijarh-porfirije-snimio-uvodne-i-zavrsne-kadrove-filma–o-svetom-savi.html