Додека привршува снимањето на серијата „Свети Јосиф Исихаст“, која грчката телевизија „Мега“ ќе ја емитува во февруари, наскоро ќе започне снимањето на нова серија посветена на уште еден голем светител – свети Нектариј Егински.
Снимањето ќе се одвива во Силиврија, во Источна Тракија, родното место на светителот, на островот Хиос, каде што живеел и работел како учител, во Александрија, каде што бил сакан од народот, но и понижен, како и во Атина и на Егина. Институтот „Свети Максим Грк“ веќе постигнал договор со манастирот на Егина снимањето да се одвива и во ќелијата на светителот.
Серијата ќе ги следи животните патеки на свети Нектариј и ќе ги приближи гледачите до смирениот и мирољубив светител, кој бил прогонуван дури и по својата смрт, па дури и од самата Црква.
Телевизијата „Мега“, во соработка со Институтот, веќе го избрала актерот кој ќе го толкува ликот на светителот, а во оваа продукција, од која се очекува многу, ќе учествуваат и низа познати актери. Така, „Мега“ продолжува со успешниот телевизиски циклус, по серијата за свети Паисиј и најавеното емитување на серијата „Свети Јосиф Исихаст“.
Сценариото добило одобрение од Институтот „Свети Максим Грк“ и телевизијата „Мега“, а во тек е и изборот на актерите за главните улоги. Извршната продукција ѝ е доверена на компанијата „Аргонафти“.
