Изложба на фотографии на монахот Теодосиј Хиландарец во Белград

Со благослов на Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј и на Свештениот собор на старците на Светогорскиот манастир Хиландар, на 4 февруари 2026 година, во Музејот на применетата уметност во Белград беше отворена изложбата на авторски фотографии на монахот Теодосиј, хиландарски собрат, под наслов „Богородичина градина“.

Во присуство на голем број посетители, изложбата ја отвори Неговото Преосвештенство епископот Новобрдски г. Иларион, викар на Српскиот патријарх, кој ги пренесе благословите на Патријархот и воедно го оцени настанот како автентична можност преку очите и објективот на еден хиландарски монах да го видиме светот – и тоа преобразениот свет.

Со зборови на добредојде и во духот на долгогодишната плодотворна соработка со Манастирот Хиландар, присутните потоа ги поздрави директорот на Музејот на применетата уметност, д-р Стеван Мартиновиќ, по што се обрати режисерот Гордан Матиќ, автор на текстот, меѓу другото и на следните редови во репрезентативниот придружен каталог на изложбата: „Монахот Теодосиј ни подари дар – својот поглед, својата радост, својот начин да каже: Еве, вака љубам. Вака гледам. Вака живеам.“

На крајот, на публиката ѝ се обрати со искрени зборови на благодарност и самиот монах Теодосиј, авторот на изложбата. Тој се осврна на своето творештво и особено ја нагласи вистината дека Господ целиот свет го создал како убавина. Исто така, авторот додаде дека изложените фотографии настанале во мигови на запознавање на Творецот преку творението и дека тие се потврда на љубовта – на Творецот кон творението и на авторот кон гледачите.

Монахот Теодосиј со фотографија се занимава од 2021 година, а ова е прва изложба на неговото творештво, создадено во средината на Светата царска српска лавра Хиландар на Света Гора.

Изложбата ќе трае до 28 февруари.

Извор: https://www.hilandar.org/otvorena-izlozba-autorskih-fotografija-monaha-teodosija-hilandarca-u-beogradu/