Конкурс за фотографии: Боите на Православието. Чешка и Словачка

Проектот „Боите на православието. Чешка и Словачка“ се реализира со благослов на поглаварите на Православните цркви во Полска и Чешка и Словачка: Сава, митрополит Варшавски и на цела Полска, и Неговото Блаженство Ростислав, митрополит на Чешките земји и Словачка.

Главната цел на проектот е да се промовира чешкото и словачкото православие ширум светот. Оваа е замислено да се постигне преку објавување фото-албум, организирање меѓународен фотографски натпревар и изложби на фотографии, како и преку други форми на соработка што би можеле да произлезат во текот на реализацијата на проектот.

За натпреварот ќе одлучува меѓународно жири составено од експерти.

Најдобрите фотографии и фотографиите наградени на натпреварот ќе бидат претставени на изложба и објавени во албумот со наслов „Боите на православието“, кој ќе го уреди и отпечати Издавачкиот оддел на Полската православна црква.

На натпреварот ќе се примаат фотографии од 15 август до 30 ноември 2026 година, во следните четири категории: Места, Репортажа, Луѓе и Детали. Учесниците можат да достават најмногу шест фотографии во секоја категорија.

На натпреварот можат да учествуваат сите професионални и аматерски фотографи од целиот свет. Учеството на натпреварот е бесплатно. Организаторите го задржуваат правото да го продолжат времетраењето на натпреварот.

За учество ќе бидат прифатени само фотографии на кои се прикажани богослужбени места што ѝ припаѓаат на Православната црква на Чешка и Словачка.

Извор: https://www.cz-sk.orthphoto.net/