Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, започна прославувањето на Вознесението Христово – Спасовден, во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија, со Концерт на духовна музика.
Времеплов низ вековите: од псалмите на цар Давид, преку византиското црковно пеење, до современи духовни мелодии.
На концертот настапија: Женскиот византиски хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица, Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија и Сара Мејс – вокал и харфа.
Вознесение Христово – Спасовден е патронен празник на градот Гевгелија.























