На Видовден, 28 јуни 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во клубот „Замајац“ во Крушевац, Србија, се одржа првиот Православен фестивал на алтернативна музика „Воанергес“.
Фестивалот ги обедини музичките групи кои преку алтернативниот музички израз ја сведочат православната вера и христијанските вредности. Пред публиката ќе настапат три христијански рок и метал бендови „Есхатон“ од Белград, „11“ и „Ставрос“ од Крушевац.
Еден од организаторите на фестивалот, теологот и музичар Хаџи Никола Мијовиќ, за белградското црковно радио „Слово Љубве“ истакнува дека ова е само почеток на манифестацијата, чии содржини во иднина ќе можат да се проследат и во други градови низ Србија.
Самиот назив на фестивалот – „Воанергес“ – симболично упатува на изразот што во превод значи „Синови на громот“. Станува збор за епитетот со кој Господ Исус Христос ги нарекол апостолите Јаков и Јован поради нивната пламена вера. Организаторите и првите учесници на фестивалот настојуваат токму таа „громогласна“, силна и пламена ревност да ја сведочат преку музиката, доживувајќи го своето уметничко творештво како мисионерска дејност.
Овој единствен фестивал го започнуваат и со намера околу себе да соберат уметници кои преку алтернативната музика ја сведочат верата, како и да ги поддржат младите автори, создавајќи простор за заедничко творештво, истакнува Хаџи Никола Мијовиќ.
Првиот фестивал на православна алтернативна музика „Воанергес“ се одржува со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевачки г. Давид.
Целта на фестивалот е да покаже дека алтернативниот музички израз може да биде автентичен начин на сведочење на православниот христијански етос и да придонесе за развојот на современата христијанска култура.

Извор: https://www.slovoljubve.com/cir/Newsview.asp?ID=48719
