„Камерна визија“ – летен музички камп во Струмица

Машкиот хор по источно црковно пеење „Свети Партениј Зографски“ при Струмичката Православна Епархија, на 4 август годинава го отвори музичкиот настан „Камерна визија“ што до 8 август ќе се одржува во Струмица.

Во фоајето на Националната установа центар за култура „Антон Панов“ хорот се претстави со фрагмент од 103 псалм на 8 глас, од Теодор Фокејски, по препев на Гоце Ристески.

Камерна визија е музичко едукативен настан на кој млади музичари учат за дувачките инструмент од менторите, проф. Јоже Котар- кларинет, проф. Александар Гошев- хорна, проф. Зоран Митев- фагот.

Со благослов на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во помагателите на настанот е и манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1JL6gxrdQo/