Научно-истражувачкиот центар за византиска музика „Архимандрит Калистрат Зографски“ ја поканува пошироката јавност на завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, кој ќе се одржи на 19 јуни 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
На концертот ќе настапат учениците и хористите од школата, и тоа:
- детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова;
- женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски;
- машкиот хор под раководство на хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски.
Научно-истражувачкиот центар за византиска музика „Архимандрит Калистрат Зографски“ го носи името на истакнатиот игумен и архимандрит на светогорскиот општежителен манастир „Свети Григориј“ – Зограф, Калистрат Зографски (Крстан Санџак), родум од Струга.
Центарот има за цел да ја претстави и афирмира византиската музикологија пред пошироката стручна и културна јавност во Македонија преку содржини на македонски јазик. Својата мисија ја остварува преку творечка и образовна дејност: иницирање образовни програми, развивање мултимедијални и онлајн ресурси, издавачка дејност, снимања, научни истражувања, мајсторски работилници и други активности посветени на зачувувањето и промовирањето на ова драгоцено духовно и музичко наследство.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на духовната музика и културното наследство да присуствуваат на овој свечен настан и да уживаат во убавината на византиското псалмопеење, изведено од новите генерации ученици и хористи.

