Од 26 до 28 мај 2026 год. во организација на Општина Струмица, Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“, Фондацијата „Академија АБЦ“ и „СИМ Компани“ и во соработка со Елеуса Фондација и агенцијата за обезбедување „НИКОБ“, ќе се одржи Саем на книгата.
На Саемот граѓаните ќе имаат можност да купат и донираат книги за Елеуса Фондација, а средствата од продажбата на донираните книги ќе бидат наменети за ученици од социјално загрозени семејства – известува фондацијата „Елеуса“.

