Музичка поема „Рилскиот пустиножител“ на сцената на Софиската опера

На 17 октомври, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Софиската опера повторно ќе биде изведена духовната музичка поема „Рилскиот пустиножител“, посветена на свети Јован Рилски Чудотворец. Делото е создадено според текстот на Тихомир Павлов од 1937 година, со музика на отец Кирил Попов, оркестрација на Георги Стрезов и режија на академик Пламен Карталов.

Во изведбата ќе учествуваат солистите, хорот и оркестарот на Софиската опера, а со оркестарот ќе диригира Жорж Димитров.

Овогодишната изведба е посветена на одбележувањето на 1150 години од раѓањето и 1080 години од упокојувањето на преподобниот Јован Рилски Чудотворец.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/muzikalnata-poema-rilskiat-pustinnik-otnovo-v-sofiyskata-ope