-

Слово на Бугарскиот патријарх Даниил на именденот на Цариградскиот патријарх Вартоломеј
На 10 јуни 2026 година, на навечерието на празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, според григоријанскиот календар, кога Цариградскиот патријарх Вартоломеј го слави својот именден, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која Бугарскиот патријарх Даниил го произнесе следното слово, во присуство на Цариградскиот патријарх Вартоломеј и Романскиот патријарх Даниел. Ваша Светост, возљубен во Христа брате и сослужителу, Ваша Светост, патријарху Данииле, Ваше Високопреосвештенство, архипастиру на оваа богоспасувана епархија, Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства, возљубени во Господа браќа архиереи, Сечесни отци, Почитувани претставници на власта и општественоста, Благословен народе Божји, Пред неколку месеци ја остваривме нашата прва мирна братска посета на…
-

Четири децении на Центарот за словенско-византиски студии во Софија
Во аулата на Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ се одржа свечено отворање на Меѓународната научна конференција на тема: „Континуитет, контакти и конфликти во словенско-византискиот свет“, со што се одбележаа четири децении од основањето на Центарот за словенско-византиски студии „Проф. Иван Дујчев“ – водечки истражувачки центар во областа на средновековните, византиските и палеославистичките студии. Поради долгогодишната научна соработка помеѓу Центарот и Слепченскиот Манастир, на покана на директорот на Центарот, г-ѓа Васја Велинова, како почесни гости зедоа учество Архимандритот Серафим и дел од Сестринството на Слепченскиот Манастир Св. Јован Претеча. Извор: https://www.instagram.com/p/DZc_v84CFRx/
-

Завршен концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“
Научно-истражувачкиот центар за византиска музика „Архимандрит Калистрат Зографски“ ја поканува пошироката јавност на завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, кој ќе се одржи на 19 јуни 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. На концертот ќе настапат учениците и хористите од школата, и тоа: Научно-истражувачкиот центар за византиска музика „Архимандрит Калистрат Зографски“ го носи името на истакнатиот игумен и архимандрит на светогорскиот општежителен манастир „Свети Григориј“ – Зограф, Калистрат Зографски (Крстан Санџак), родум од Струга. Центарот има за цел да ја претстави и афирмира византиската музикологија пред пошироката…
-

Свeти Лука (Воjно-Jaсенецки)
На 27 април 1877 година во Керч, на полуостровот Крим, во многудетното семејство на аптекарот Феликс Станиславович Воjно-Jасенецкиј се родил син и го нарекле Валентин. Кон крајот на осумдесетите години на XIX век семеjството се преселило во Киев. Феликс Станиславович бил католик, но неговата сопруга Мариja Дмитриевна, се родила во православно семејство, па затоа и децата ги воспитувала во православните традиции. Валентин стигнал до длабока вера по осмислено прочитување на Новиот Завет, кој му го подарил директорот на гимназијата при добивањето на дипломата за матура. Валентин од детски години имал склоност кон цртање, тој дури сакал да се запише во…
-

Усвоен оспоруваниот „Закон за цркви и парохии“ во Естонија
Врховниот суд на Естонија на 10 јуни 2026 година, ја отфрли жалбата на претседателот на државата Алар Карис, оценувајќи ги како уставни измените на „Законот за цркви и парохии“. Оваа легислатива им забранува на верските организации што дејствуваат во Естонија да одржуваат административни или други зависни врски со странски верски институции кои поддржуваат војна, агресија или тероризам, при што директно е насочено кон Естонската Православна Христијанска Црква (поранешна Православна Црква на Естонија на Московската Патријаршија). Потврдата на законот од страна на 17-члениот Врховен суд не беше едногласна, бидејќи шестмина судии гласаа против, согласувајќи се со забелешките на претседателот Карис, кој…
-

Сослужување на поглавари по повод именденот на Цариградскиот патријарх Вартоломеј
Божествена Литургија по повод празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, по григоријанскиот календар, денот кога својот именден го прославува Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј, беше отслужена на 11 јуни 2026 година, во Митрополитскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на островот Имброс (Ѓокчеада), во Турција. Со Цариградскиот патријарх сослужуваа патријарсите на Романија г.г. Даниел и на Бугарија г.г. Даниил, кои се наоѓаат на родниот остров на патријархот Вартоломеј за заедно да го прослават овој светол ден. Сослужуваа и митрополитите: Халкидонски Емануил, Дерконски Апостол, Солунски Филотеј и Неврокопски Серафим. Ова е првпат во текот на 35-те години од своето патријаршиско служење патријархот…
-

Обновување на односите на Грција со Ерусалимската Патријаршија и признавањето на сведоштвото во Газа
Како „повторно крштевање“ на односите меѓу Ерусалимската Патријаршија и Грција, Неговото Блаженство патријархот Ерусалимски Теофил III, ја окарактеризира дводневната официјална посета, од 7 до 9 јуни 2026 година, и средбите со највисоките државни и политички институции – известува грчкиот црковен портал „Ортодоксија“. Во исклучително критичен момент за христијаните на Блискиот Исток, како и за статусот на поклоничките светилишта во Светата Земја, братството на Светиот гроб и Грција испратија силна порака за соработка, но и единство, која ќе претставува поттик за обезбедување на правата на древната Патријаршија, како и за зачувување и истакнување на нејзиното духовно богатство. Сепак, особено симболичен гест…
-

Поглаварот на Полската Православна Црква со поддршка за Свјатогорската лавра
На 7 јуни 2026 година, по Божествената литургија во Успенскиот соборен храм на Свјатогорската лавра на Украинската Православна Црква, беше прочитано писмото на поддршка од Неговото Блаженство, Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава – соопштува интернет страницата на Руската Православна Црква. Во писмото упатено до монасите и парохјаните на обителта, која во моментов се наоѓа во зона на активни борбени дејства, Поглаварот на Полската Православна Црква нагласи: „Христос Господ не нѐ повика кон славата и радоста на овој свет. Тој не ни вети надворешен мир и изобилство од земните дарови. Месијата нѐ повикува да учествуваме во Голгота, по која…
-

Насилно преземање на храм на Украинската Православна Црква во Кременчуг
На 4 јуни 2026 година во Кременчуг, во Полтавска област во Украина, се случи преземање на храмот „Света Троица“ на Украинската Православна Црква од страна на приврзаници на ПЦУ (Православна црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија), со поддршка од безбедносните структури на државата. Според веќе воспоставената практика, на преземањето му претходел лажен собир за прашањето за преминување во ПЦУ, на кој вистинската храмовна заедница воопшто не била поканета. „Црквата ’Света Троица’ била изградена со силите и средствата на заедницата на Украинската Православна Црква во 2000 година и нема никаква врска со расколничката структура ’ПЦУ’“ – известува…
-

Средба на Архиепископот Стефан со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка
На 10 јуни 2026 година, во манастирот „Св. Пантелејмон“, во Нерези, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се сретна со Неговото Високопреосвештенство Архиепископот на Њујорк и Њу Џерси г. Михаил, од Православната Црква во Америка, кој се наоѓа на неколкудневно поклоничко патување во Македонија. Во придружба на Владиката Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер. Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-na-arhiepiskopot-stefan-so-arhiepiskopot-mihail/
