-

Документарен филм за мироваренијата во Македонската Православна Црква
Непосредно по Светата Тајна Крштение се извршува Светата Тајна Миропомазание. Преку Миропомазанието, новокрстените го примаат дарот на Светиот Дух. Оваа Света Тајна се извршува со помазување на одредени делови на телото. Помазувањето се изведува со осветено Миро. Миропомазанието може да се изврши и независно од Крштението, во следниве случаи: враќање во Православната Црква на оние кои претходно отпаднале од неа поради приврзаност за некоја еретичка, односно неправославна заедница, и при крунисување на цар. Мирото се состои од повеќе билки, смоли и растителни масла. Според канонските одредби, секој епископ има право да освети Миро за својата епархија, имајќи го предвид фактот…
-

Нов, велигденски, број на списанието „Православна Светлина“
Излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“ на Повардарската Епархија. „И во овој 73-ти број, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и ова издание ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови“ – соопштуваат од Повардарската Епархија. Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија. Електронската верзија од списанието е достапна за бесплатно преземање од оваа адреса. Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk
-

Утрена богослужба за Велика Сабота со Статиите на Оплакувањето Христово
На 18 април 2025 г., Велики Петок, Неговото Блаженство, Архиепископoт Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба за Велика Сабота со Статиите на Оплакувањето Христово во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. При крајот на Богослужбата беше извршена литија со Плаштаницата. Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sluzba-veliki-petok-vecerna-2025/
-

Српската Православна Црква објави Типик – богослужбени упатства за 2025 година во форма на мобилна апликација
Српската Православна Црква објави дека издала богослужбена книга: Типик – богослужбени напомени за 2025 година во форма на мобилна апликација, која може бесплатно да се преземе за Андроид и Ајфон уредите. Оваа апликација е изработена со благослов на Светиот Архиерејски Синод и претставува пилот-верзија, чија цел, покрај основната, е и да се приберат повратни информации, коментари и сугестии од корисниците, за тоа како може да се подобри, со цел во иднина поцелосно да им служи на клирот, певците и на сите кои сакаат поактивно да се вклучат во богослужбениот живот на Црквата. Сите богослужбени напомени во оваа апликација се целосно…
-

Велигденско послание од Митрополитот Петар
† ПЕТАРПО МИЛОСТА БОЖЈА,МИТРОПОЛИТ ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКИ ИАДМИНИСТРАТОР АВСТРАЛИСКИ И НОВОЗЕЛАНДСКИ, НА СЕТО СВЕШТЕНСТВО, ПРЕПОДОБНО МОНАШТВО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА ВО ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКАТА И АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА,ИМ ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СОНАЈТОРЖЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“(Јован 11, 25) Христос Воскресе, возљубени браќа и сестри! Христос воскресна од мртвите – и ние да воскреснеме со Него; Христос е во Својата слава – и ние да влеземе во неа; Христос воскресна од гробот, а ние да се ослободиме од ропството на гревот. Се отвораат вратите на адот и смртта се истребува. Стариот Адам…
-

Велигденско послание на Митрополитот Агатангел
†АГАТАНГЕЛПо милоста Божја Митрополит Повардарски,до свештенослужителите, монаштвото и верните чеда наМакедонската православна црква – Повардарска епархија,а по повод Воскресението Христово – Велигден,испраќа мир и благослов од Бога, Драги браќа и сестри! Пред сечиј дом, пред секое кревко човечко срце, денеска стои Воскреснатиот Спасител – Господарот на животот, Утешителот на повредените, Устроителот на секоја правда и добрина, Кој трпеливо и смирено го чека нашиот добар збор, нашето топло добредојде, за да ја проникне секоја внатрешност со Својата спасоносна благодат, за да ја подари Својата животворна сила, за да го прероди човекот, да ги избави и утеши раслабените и повредените и од…
-

Во четвртокот на Страстната седмица, Рускиот Патријарх отслужи Литургија и чин на осветување на светото миро
На 17 април 2025 година, на Велики Четврток – денот на Споменот на Тајната Вечера, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, отслужи Божествена Литургија на свети Василиј Велики и чин на осветување на светото миро во катедралниот соборен храм „Христос Спасител“ во Москва. Молебенот за почеток на мироварењето беше отслужен од Поглаварот на Руската Православна Црква во Донскиот ставропигијален манастир во Москва, во понеделникот на Страстната седмица. Миро се вари три дена: од Велики Понеделник вечерта, целиот Велики Вторник и утрото на Великата Среда. Во текот на целиот процес свештениците наизменично читаат Свето Евангелие, а ѓаконите го…
-

Деветто осветување на Миро во Бугарската Православна Црква
Согласно со одлуката на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, по деветти пат во поновата историја на Бугарската Патријаршија беше осветено Светото Миро. Чинот на осветувањето се одржа за време на Василиевата света Литургија на Велики Четврток, на која началствуваше Бугарскиот патријарх Даниил во патријаршискиот храм „Св. Александар Невски“, во Софија, во сослужение на голем број архијереи и свештенослужители на Бугарската Православна Црква За време на великиот вход, садовите со Миро беа изнесени од олтарот и повторно внесени низ царските двери, поставени до светата трпеза и отворени. Потоа започна чинот на осветување на мирото. Според утврдениот ред, пред читањето на…
-

Служба на светите и спасителни страданија во Соборниот храм во Скопје
На 17 април 2025 година, во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ. Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/stradalni-evangelija-veliki-cetrtok-2025/
-

Мироварение во Романската Православна Црква
Романската Православна Црква на Велики Четврток 2025 година, по 23-ти пат, изврши Мироварение. Службата се одржа во рамки на Светата Литургија, на надворешниот олтар на Патријаршиската катедрала. Настанот е дел од серијата манифестации посветени на одбележувањето на стогодишнината од основањето на Романската Патријаршија. Мироварението им е дозволено само на автокефалните Цркви – статус што Романската Православна Црква го стекнала пред 140 години. Во рамки на Литургијата на Свети Василиј Велики на Велики Четврток, се осветува и втор Агнец, од кој преку целата година ќе се причестуваат новокрстени деца, болни лица или други посебни случаи. Во својата беседа по читањето на…
