Најнови објави

  • Писмо со сочувство за упокојувањето на Бугарскиот Патријарх Неофит

    Писмо со сочувство за упокојувањето на Бугарскиот Патријарх Неофит

    Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо со сочувство за упокојувањето на Бугарскиот Патријарх Неофит, до Светиот Архијерејски Синод на Бугарската Православна Црква. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост. ДоСветиот архијерејски синод на БПЦСофија Живееме ли, умираме ли – Господови сме! Ваши Високопреосвештенства,Ваши Преосвештенства, Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето  во Господа на Неговата Светост, Патријархот Неофит. Блаженоупокоениот Патријарх Неофит, имајќи ја грижата за Црквата, се покажа како добар пастир и неуморен духовник, кој целиот свој живот го посвети во служба на бугарскиот верен народ. Следствено, молејќи се, се надеваме блаженоупокоениот наш брат…

    Прочитај го текстот



  • Хронологија

    Хронологија

    Пишува: Протопрезвитер Ивица Тодоров Хронологија на настани и личности од периодот на Стариот Завет „Во почетокот (хеб: Brejs’it; мак: Почеток) Бог (хеб: Elohim; мак: Бог) ги создаде (хеб: bara; мак: твори од ништо) небото и земјата. Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Духот Божји лебдеше над водата. И рече Бог (Elohim): Нека биде светлина! И настана светлина“ (1. Мојсеева. 1, 1). Со овие боговдахновени зборови пророкот Мојсеј започна да ја пишува првата книга од петокнижието (Тора). Праисториски период! Период за кој има сведоштво во Светото Писмо, но за истиот постпотопното човештво нема искуствено – научни докази.…

    Прочитај го текстот



  • Ромфеа: Врховната Рада ќе донесе закон за забрана на Украинската православна црква

    Ромфеа: Врховната Рада ќе донесе закон за забрана на Украинската православна црква

    Врховната Рада (Парламентот на Украина) при првото читање, на 19 октомври 2023 година, го усвои нацрт-законот бр. 8371 за забрана на верски заедници „поврзани“ со верски центри лоцирани во Русија. Концептот на „поврзаност“ беше крајно нејасен во законот, но изготвувачите на нацрт-законот претходно постојано изјавуваа дека нацрт-законот има за цел да ја забрани Украинската православна црква под Митрополитот Киевски и на цела Украина г. Онуфриј и да ги растури нејзините заедници. На 5 март 2024 година, Комитетот на Врховната Рада за прашања поврзани со хуманитарната и информациската политика предложи повеќе амандмани на нацрт-законот и го препорача за усвојување во второ…

    Прочитај го текстот



  • Апел од Сојузот на православни новинари до меѓународните организации за заштита на човековите права по повод масовниот упад од страна на Украинската служба за безбедност

    Апел од Сојузот на православни новинари до меѓународните организации за заштита на човековите права по повод масовниот упад од страна на Украинската служба за безбедност

    На 12 март 2024 година, вработените во Службата за безбедност на Украина извршија масовни претреси во работните и во станбените простории на украинските новинари и активисти за човекови права. Претресите ги погодија вработените во интернет порталите „Сојуз на православни новинари“ (СПЖ) и „Прв козак“, граѓанското здружение „Мирјани“ и иницијативата за човекови права „Центар за правна заштита“. Новинарите, вклучително и поранешни вработени, активисти за човекови права и административниот персонал, се обвинети за кривични дела со различна тежина, вклучително и за такви што се казнуваат со доживотен затвор, вклучувајќи велепредавство и создавање на организирана криминална група. Петмина новинари и активисти за човекови…

    Прочитај го текстот



  • Владиката Виктор од Украинската православна црква се сретна со Претстоителот на Полската православна црква

    Владиката Виктор од Украинската православна црква се сретна со Претстоителот на Полската православна црква

    На 13 март 2024 година, со благослов на Неговото Блаженство, Митрополитот Киевски и на цела Украина г.г. Онуфриј, во резиденцијата на Претстоителот на Полската православна црква, во Варшава, Архиепископот Хмелницки и Старокостантинoвски Виктор, од Украинската православна црква (УПЦ), се сретна со Неговото Блаженство Митрополитот Варшавски на цела полска г.г. Сава. На средбата се разговараше за прашања поврзани со духовната грижа за Украинците кои се нашле на канонската територија на Полската православна црква, како резултат на руската воена агресија, како и за други теми од црковниот и од општествениот живот. Претстоителот на Полската православна црква ги пренесе своите поздрави до Претставникот…

    Прочитај го текстот



  • Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, гостин на ифтарска вечера кај Поглаварот на ИВЗ

    Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, гостин на ифтарска вечера кај Поглаварот на ИВЗ

    Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на 14 март 2024 година беше гостин на традиционалната ифтарска вечерa, што ја организираше Исламската верска заедница во хотелот Александар Палас во Скопје.

    Прочитај го текстот



  • Тажно е кога самите одвнатре се негираме, застапувајќи туѓи интереси како свои

    Тажно е кога самите одвнатре се негираме, застапувајќи туѓи интереси како свои

    Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 14 март 2024 година, на Универзитетот ,,Скопје’’,  учествуваше на форумот со наслов ,,Како да го заштитиме македонскиот идентитет’’ со свое излагање, кое го пренесуваме во целост. Почитуван ректоре, почитувани учесници, професори, студенти, гости, Денес, во таканареченото постмодерно општество во кое царува релативизирањето на секоја вистина, на силен удар се и најважните човекови идентитети. Така, на пример, сведоци сме дека пропагираната идеја за непостоење на идентитети ја негира вистинитоста дури и на најелементарните биолошки категории. Mногумина гласно извикуваат: секој има апсолутно право и потполна слобода да го дефинира својот родов идентитет и…

    Прочитај го текстот



  • Православниот параклис при Палатата на романскиот парламент ќе биде осветен за Благовештение

    Православниот параклис при Палатата на романскиот парламент ќе биде осветен за Благовештение

    Во Палатата на романскиот парламент, во наредните денови, ќе биде поставен православен параклис, којшто ќе биде свечено отворен и осветен на 25 март, за празникот Благовештение, изјави привремениот претседател на Домот на пратеници – г. Алфред Симонис. Според г. Симонис, Бирото на Домот за пратеници, во понеделникот, одобрило меморандум за утврдување на соодветен простор во Палатата на парламентот. „Побарав од генералниот секретар на Комората за пратеници да утврди простор во Палатата на парламентот за оваа намена – за православен параклис. Сметам дека ние сме последниот Парламент, барем во Европа, којшто нема таков простор. Знам дека е постара идеја, за неа…

    Прочитај го текстот



  • Месопусна недела

    Месопусна недела

    Протојереј Златко Ангелески На многу фрески низ нашите православни храмови може да се забележи една несекојдневна, но многу впечатлива сцена, на која фрескописецот мошне веш­то ги преточил во слика Христовите зборови кои ги слушнавме во денешно­то Евангелско четиво. Всушност, на тие фрески е претставен Страшниот Суд каде што Господ Исус Христос најпрво гледа надесно и им се обраќа на оние, кои се од таа страна: „Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царст­во­то, приготвено за вас од почетокот на светот“ (Матеј 25, 34), а другата фигура на Спасителот е свртена кон оние, кои стојат од левата страна и го слушаат…

    Прочитај го текстот



  • Се упокои Бугарскиот Патријарх Неофит

    Се упокои Бугарскиот Патријарх Неофит

    На 13.03.2024 година, по долго боледување, во Господа се упокои Неговата Светост Патријархот Бугарски г.г. Неофит. Патријархот Неофит беше роден на 15 октомври 1945 година во Софија. На 03.08.1975 година беше постижан за монах во Тројанскиот манастир. На 25 март 1976 година беше ракоположен во чин јеромонах, а архимандритски чин добива на 21 ноември 1977 година. На 8 декември 1985 година во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ беше ракоположен во епископски чин со титула Левкиски и бееш назначен за втор викар на Софискиот митрополит. На 27 март 1994 година беше избран за Доростоло-червенски митрополит. Во 2001 година на Петтиот црковно-народен…

    Прочитај го текстот