-

Литургиска прослава на Илинден во храмот „Свети Илија“ во Аеродром
На 2 август 2024 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше на Светата Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Светата Литургија во чтец беше ракопроизведен г. Владимир Петковски. По Литургијата беше отслужена Панихида за сите борци кои ги дадоа своите животи за независна Македонија. Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/ilinden-2024/
-

Демант од Светогорската заедница
Свештената општина на Света Гора објави соопштение во кое целосно ги демантира гласините дека бил одржан вонреден собор на светогорските манастири на кој се гласало за доаѓањето на полициски сили со цел да се изврши акција за насилно изгонување. Во соопштението не е наведено конкретно, а станува збор за гласините кои беа проширени дека се подготвува насилно протерување од Света Гора на монасите од стариот манастир Есфигмен. Свештената општина на Света Гора ги демантира тие гласини преку соопштението кое во продолжение го пренесуваме во целост. Света Општина на Света Гора – АтосБрој на протокол Ф.2/34/1612 Кареа 19 јули / 1…
-

Катица Ќулавкова наградена за нејзина поетска збирка во издание на Струмичката православна епархија
Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ во издание на Струмичката православна епархија. Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по вторпат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката…
-

Илинденско послание
† СТЕФАН,ПО МИЛОСТА БОЖЈА,АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТОИ ДО СИТЕ ЧЕДА НАМАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА Нека познае овој народ дека Ти, Господи, си Бог иТи ќе го свртиш срцето нивно кон Себеси. Возљубени празникољупци, Денес Светата Црква молитвено и со свештен трепет го празнува споменот на светиот пророк Илија. Тој е еден од најнеобичните луѓе коишто некогаш живееле на земјата и е еден од најзначајните пророци во Стариот Завет. Но, тој се јавил како сведок Христов и во Новиот Завет, при Неговото славно Преображение,…
-

Празникот на покрстувањето на древната Рус прославен во Русија
На 28 јули 2024 година, во 5-та недела по Педесетница, денот кога се празнува споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, денот на црковното и државно празнување на Крштевањето на древната Рус, Неговата Светост Патријарх Московски и на сета Рус г.г. отслужи Божествена Литургија во горниот храм „Свети Александар Невски“ од Благовештенската црква на Свето-Троицката Александро-Невска Лавра во Санкт Петербург, Русија. На овој ден се одбележуваат и 300 години од преносот на моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски во оваа лавра и нивното поставување во црквата Благовештение. При доаѓањето во храмот, Неговата Светост Патријархот Кирил се поклони на моштите…
-

Неговото Блаженство Mитрополитот Онуфриј ја водеше празничната богослужба на Денот на крштевањето на древната Рус
На 28 јули 2024 година, во петтата недела по Педесетница, кога се празнуваше денот на споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, во Свето-Успенската Киево-Печерската Лавра, беше отслужена Света архијерејска Литургија по повод 1036-годишнината од Крштевањето на Киевска Рус, известува информативната служба на Украинската православна црква. Божествената Литургија во црквата „Свети Агапит Печерски“ ја предводеше Неговото Блаженство Митрополитот Киевски и цела Украина г.г. Онуфриј, во сослужение на членовите на постојаниот состав на Светиот архијерејски синод на Украинската православна црква, и други архијереи, свештенство, и голем број верни на Украинската православна црква. По читањето на Светото Евангелие, Неговото Блаженство со беседа…
-

Министерот за туризам на Палестина во посета на Атинскиот Архиепископ г.г. Јероним
Министерот за туризам на државата Палестина Хани Ал Хајек на 26 јули оваа година го посети Архиепископот Атински и на цела Грција, г.г. Јероним. Министерот ја изрази својата радост поради средбата и приемот и истакна дека ги пренесува поздравите на Претседателот и Премиерот на државата. Тој истакна дека ситуацијата е сложена и тешка и побара од Архиепископот да му помогне на страдалниот народ. Тој го покани Архиепископот Јероним да ја посети Палестина, нагласувајќи дека тоа ќе биде посета од големо значење за христијаните кои се 1% од населението, а изрази стравување дека за пет години овој процент ќе се намали…
-

Манастирот Свети Тихон објави краток филм за програмите за изучување црковно пеење и иконографија
Манастирот „Свети Тихон“, од Православната црква во Америка, неодамна објави кратко видео во кое ги прикажува местото на манастирот и животот на уметничкото образование што го нудат во нивните музички и иконографски програми. „Бидејќи уметностите се витален дел од нашата православна вера, манастирот им нуди уникатни резиденции за православните уметници, за да го продлабочат својот живот во верата додека ги усовршуваат своите уметнички вештини. Православните музичари и уметници имаат можност да дојдат во манастирот, да живеат и да учат црковна музика и иконографија, имајќи за учители професионални музичари и ценети иконографи“ – се вели во објавата на официјалната веб страница…
-

Грузиската црква за отворањето на Олимписките игри во Париз: навреда на човечкото достоинство и пропаганда на ЛГБТ+ идеологијата
Грузиската православна црква се приклучи на реакциите и гласовите на осуда на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Во соопштението објавено на официјалната Фејсбук страница на Грузиската патријаршија се вели: „Одредени сцени прикажани при отворањето на Олимписките игри во Франција, длабоко нè натажија, и ние се согласуваме со изјавата дадена од Вселенската Патријаршија, во која, помеѓу останатите важни нешта, се кажува и следното: ’Со голема тага ги следевме навредливите претстави за христијанството и светото Евангелие, но и за секој цивилизиран човек, кој го признава правото на вероисповед и почитувањето на верските симболи.’ Од наша страна, ние се придружуваме…
-

Соопштение од Цариградската патријаршија за церемонијата на отворањето на Олимписките игри
Олимписките игри се врвен спортски настан, кој го привлекува интересот на милиони наши браќа и сестри од сите краишта на светот, а нивното отворање е од величествено значење бидејќи овозможува пригода за земјата домаќин да ги истакне својата историјата и културата, притоа ширејќи позитивно пораки на универзално ниво. За време на церемонијата во Париз, со голема тага ги следевме навредливите претстави за христијанството и светото Евангелие, но и за секој цивилизиран човек, кој го признава правото на вероисповед и почитувањето на верските симболи. Овие слики не само што не ја разубавија церемонијата, туку и ја оцрнија. Хулењето на Бога не…
