Најнови објави

  • Архиепископот Макариј од Австралија за промоцијата на хомосексуалност на отворањето на Олимписките игри: преку глава ни е од ова

    Архиепископот Макариј од Австралија за промоцијата на хомосексуалност на отворањето на Олимписките игри: преку глава ни е од ова

    Фотографија: ocl.org Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Австралиски г. Макариј, од Цариградската патријаршија, објави своја реакција на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Во продолжение, неговата реакција ја пренесуваме во целост: На церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, со крајно разочарување гледавме спектакл што јасно беше под нивото на настанот. Во него беа прикажани сцени на непочитување кои беа навредливи за Христијанството и Црквата. Секој има право да биде атеист, но никој нема право да ја унижува или исмева мојата вера, особено вистината на Евангелието за која е пролеана крв. Имате слобода да живеете како што ќе одберете;…

    Прочитај го текстот



  • Изјава на Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква во врска со свеченото отворање на Олимписките игри во Париз

    Изјава на Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква во врска со свеченото отворање на Олимписките игри во Париз

    Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква објави изјава во врска со свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, Франција. Во продолжение, оваа реакција ја пренесуваме во целост. Неспорна вистина е дека повеќе од две илјади години, до денес, основата на европската цивилизација е христијанството, се христијанските вредности и добродетели, т.е. Христовиот евангелски морал и светоглед. Христијанството оставило неизбришлив отпечаток на сите сфери на човековиот живот и култура, а земниот живот на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос и Неговите ученици и следбеници послужил како инспирација за создавање на највеличествените дела на човечката уметност. Пред неколку дена, целиот христијански…

    Прочитај го текстот



  • Антиохискиот и Српскиот Патријарх со заложби за ставање крај на крвопролевањето во Газа

    Антиохискиот и Српскиот Патријарх со заложби за ставање крај на крвопролевањето во Газа

    Патријархот на Антиохија и на целиот Исток Јован X, го нагласи значењето на зајакнувањето и активирањето на црковното единство во верата со сестринските православни цркви. Овие цркви се соочуваат со предизвици што ѝ го попречуваат патот на Црквата, во свет што тоне во конфликти. Овие зборови на Патријархот Јован беа изнесени во телефонски разговор со Српскиот Патријарх Порфириј, остварен на 26 јули годинава. Во текот на разговорот, патријарсите ја дискутираа ситуацијата во Српската православна црква, Православната црква на Блискиот Исток, како и општата состојба на сеправославно ниво. Двајцата го нагласија значењето на свесноста од потреба на дијалог и средби за…

    Прочитај го текстот



  • Градот на светлината Го исмева Христос и ја дехристијанизира Европа

    Градот на светлината Го исмева Христос и ја дехристијанизира Европа

    Во рамките на своите пастирски посети во маченичката Калавритска област, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Калаврија и Егилеја г. Јероним отслужи Божествена Литургија во неделата, на 28 јули, во парохијата „Свети Димитриј“, во планинското село Левкасио. По Божествената Литургија, Митрополитот Јероним ја изрази својата особена радост кон парохискиот свештеник, отец Димитриј Статакопулос и кон верниците кои го наполнија светиот храм за да учествуваат во Тајната на Светата Евхаристија, изразувајќи ја својата благочестивост и топлата вера во Христа. Толкувајќи го евангелското четиво за исцелувањето на демоноопседнатиот кај Гадаринците, Митрополитот рече дека она што ни предизвикува изненадување не е толку исцелувањето на опседнатиот,…

    Прочитај го текстот



  • Митрополитот на Сер: Европа Му врти грб на Христа

    Митрополитот на Сер: Европа Му врти грб на Христа

    Во машкиот манастир „Света Параскева“ во Сер, каде што од минатата среда, 24 јули 2024 година, беше изложена за поклонение и заедничка прослава со празнувањето на споменот на Света Параскева – Петка (според новиот календар), почитуваната и чудотворна древна икона на Пресвета Богородица „Ксенија“, од истоимениот женски манастир во Алмирос Магнезија, во Митрополија Димитриада, во неделата, 28 јули 2024 година, богослужеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Сер и Нигрита г. Теологос. Неговото Високопреосвештенство, инспириран од прочитаното евангелско зачало за исцелувањето од Господ Исус Христос на демонизираните Гергесинци, упати зборови на укрепување кон побожните верници на Црквата, забележувајќи го, помеѓу останатото, и…

    Прочитај го текстот



  • Реакција на Митрополитот Пимен на скандалозното отворање на олимписките игри во Париз

    Реакција на Митрополитот Пимен на скандалозното отворање на олимписките игри во Париз

    Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен на Фејсбук страницата на Европската Митрополија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија објави своја реакција на скандалозната манифестација на отворањето на олимписките игри во Париз. Во продолжение, неговата реакција ја пренесуваме во целост. Ќе го исмееш Христа, и ќе си горд, како кој знае какво херојско дело да си сторил. Но, што ново си направил човеку? Та нели кога Христос на Крстот ги рашири рацете за да го прегрне целиот свет, дури и тебе, исто така и архијереите, заедно со книжниците и старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа: „Другите ги спаси, а Сам…

    Прочитај го текстот



  • Недела 5. по Педесетница

    Недела 5. по Педесетница

    Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Великиот Апостол Павле во своите писма во Новиот Завет ни говори која е нашата цел во овој живот. Тој ни ја толкува верата преку неговото перцепирање кое го стекнал преку Божјото Откровение на патот за Дамаск, преку Богосозерцувањето. Но, и после тоа, Светиот Апостол Павле, бил во постојаната Божја заедница преку благодатта на Светиот Дух. Тој ни ја толкува верата преку неговото лично поимање како учител на стариот Закон. Како голем признат учител помеѓу Јудејците. Тој го учел и го толкувал Мојсеевиот закон и бил голем и учен наставник во тоа време. Преку…

    Прочитај го текстот



  • Кифа, животот на отец Петар

    Кифа, животот на отец Петар

    Навршувањето на 100 лета од животот на отец Петар Петрески, од струшкото село Јабланица, за што веќе имавме известување, е повод да се потсетиме на краткиот документарен филм „Кифа, животот на отец Петар“, кој е снимен токму за свештеникот Петар Петрески и е сведоштво за неговата свештеничка служба. Од филмот дознаваме дека како едногодишно дете, о. Петар бил со толку големи здравствени проблеми и мали шанси да преживее, што лекарката што се грижела за него на родителите им рекла дека „ако детето преживее, за тоа само на Бога да му благодарите“. Ете, тоа дете, за кое лекарската наука не очекувала…

    Прочитај го текстот



  • Света Литургија во Јабланица

    Света Литургија во Јабланица

    „Си воскреснал денес од гробот, Штедар, и нас си нѐ извел од смртните врати. Денес Адам ликува и се радува Ева, а пророците, заедно со патријарсите, непрестајно ја воспеваат моќта на власта Твоја“ (воскресен кондак, глас 3-ти). На 21 јули 2024 година, во Четвртата недела по Педесетница и на празникот на св. вмч. Прокопиј Кесариски и на преп. Теофил Мироточив, во храмот „Св. пророк Илија“ во с. Јабланица, Струга, беше отслужена света архијерејска Литургија, на којашто началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Повод за оваа служба беше и неодамнешниот роденден на протојерејот Петар Петрески,…

    Прочитај го текстот



  • Традиционално и оваа година коњаницата од Гостивар по петнаесети пат тргна кон Крушево

    Традиционално и оваа година коњаницата од Гостивар по петнаесети пат тргна кон Крушево

    Традиционално и оваа година коњаницата од Гостивар, на 26 јули, по петнаесети пат тргна кон Крушево во чест на големиот национален и државен празник Илинден. По литургијата во соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, група млади родољубиви луѓе облечени во комитски носии зедоа молитвено учество во чинот на благословување на нивниот марш. Чинот го изврши и благослови Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештенсвото од Гостиварското намесништво, кои се помолија со молитва за добробит на Татковината и за успешен пат, беа благословени во нивниот подвиг, полн со љубов кон Бога и кон Татковината – Македонија, како и со светло…

    Прочитај го текстот