-

Осветување на Крст во с. Милутинце – општина Ранковце
На 13.06.2024 година, кога Црквата го прославува Вознесението Христово, во с. Милутинце –општина Ранковце, во слава на Троичниот Бог – Отецот и Синот и Светиот Дух, беше извршен чинот на Осветување на чесниот и животворен Крст Господов, како дар од благочестивото семејство Јаќимовски. Чинот на осветување го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј. Извор: https://koe.mk/осветување-на-крст-во-с-милутинце-опш/
-

Прослава на Вознесението Христово на Маслиновата гора
Во четврток, 31 мај / 13 јуни 2024 година, во Ерусалимската патријаршија беше прославен Празникот на Христовото Вознесение, односно споменот на славното вознесување на небото, на четириесеттиот ден по Воскресението, на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, пред радосните погледи на Неговите ученици, на Маслиновата гора, според Евангелието и Делата на апостолите, (Дела 1,1-11). На овој празник беше отслужена Божествена Литургија во светиот манастирски и патријаршиски храм „Свети Константин и Елена“, на која чиноначалствуваше Блаженејшиот Патријарх Ерусалимски г.г. Теофил. Празникот свечено беше прославен и на Маслиновата гора, на местото каде што се случи Вознесението Господово. На Вечерната служба началствуваше Високопреосвештениот…
-

Прослава на Преподобниот Јустин Ќелиски во Врање
Во петок, 1 / 14 јуни 2024 година, кога Светата Црква го празнува Светиот маченик и Филозоф Јустин и Преподобниот Јустин Ќелиски и Врањски, во храмот „Света Троица“ во Врање беше отслужена Света Архијерејска Литургија. На Литургијата началствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, кому му сослужуваа Епископот Ваљевски г. Исихиј и домаќинот, Епископот Врањски г. Пахомиј, од Српската православна црква, заедно со Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Дремвитски г. Давид. Сослужуваше и свештенството на Врањската православна епархија, а на певница беа богословите од Српската православна богословија „Свети Арсениј“ од Сремски Карловац и монахињите од манастирот „Свети првомаченик и архиѓакон Стефан“,…
-

Спасовденска литија во Белград
На 13 јуни 2024 година, на денот на Христовото Вознесение – Спасовден, во 19 часот започна голема литија по улиците на главниот град на Србија. Спасовден е градска слава на Белград, па затоа претходно, во градското собрание беше Српскиот Патријарх Порфириј. Тој таму беше пречекан од претседателот на Привремениот орган на Белград Александар Шапиќ, а потоа имаше средба со српскиот премиер Милош Вучевиќ. По средбите, во свечената сала на градското Собрание, Патријархот го отслужи чинот на осветување на славските дарови. На почесно место во литијата беа поставени моштите на преподобен Јустин Келијски и чудотворната Богородична икона „Знамение“. Заедно со Српскиот…
-

Архијереи од Бугарската православна црква во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати
Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Пловдивски Николај и Митрополитот Западно и средноевропски Антониј денес пристигнаа во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Со благослов на Неговото Блаженство Антиохискиот патријарх Јован X, и според решението на Светиот архијерески синод на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија, на 15 јуни (сабота) во 10:00 часот ќе биде отслужена првата света Литургија на бугарски јазик во храмот на Антиохиската православна црква „Св. Благовештение“ во Џебел Али, Дубаи. Во Дубаи живеат околу 3.000 Бугари, а преку бугарската амбасада во ОАЕ пред година и пол изразија желба за формирање бугарска црковна општина. Заедно со владиците, во официјалната…
-

Преподобен Јустин Ќелиски
Благоје Поповиќ, подоцна отец Јустин, е роден во Врање на Благовештение, 25 март 1894 година, од родителите Спиридон и Анастасија, чии предци водат потекло од македонското Свети Николе. Семејството Поповиќ со генерации било свештеничко, единствено таткото на Благоје бил само клисар. Благоје бил најмладото дете, а имал постар брат Стојадин и сестра Стојна. Како дете често со родителите одел кај светиот Прохор Чудотворец во Пчинскиот манастир и таму стоел на молитва и богослужби, а еднаш бил и личен сведок кога со божествената сила на Светителот неговата мајка Анастасија добила чудесно исцеление од тешка болест. За длабоката побожност на својата мајка…
-

Одреден е денот на устоличувањето на новиот поглавар на Финската православна црква
Неговото Високопреосвештенство Архиепископ на Хелсинки и цела Финска Лав ќе се пензионира на 1 јануари 2025 година. Изборот на нов претстоител на Финската православна црква ќе се одржи на помесниот собор на оваа црква, во четврток на 28 ноември 2024 година. Устоличувањето на новиот поглавар на Финската православна црква ќе се одржи на Божествената Литургија во храмот Успение Богородично, Хелсинки, на 15 декември 2024 година. Ќе биде организиран директен пренос на богослужбата преку интернет. Финската православна црква е автономна црква во рамките на Цариградската патријаршија.
-

Вознесение Христово – Спасовден
„И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото“(Лука 24: 51) Луѓето со голем ум и срце низ сите векови ја сфатиле животната вистина дека човечката душа е одсјај на вечната светлина, со која таа по воскресението повторно ќе се соедини, за вечно да свети во царството на славата и блаженството, како и тоа дека природата и целата вселена се дело на мудроста, добрината и семожноста на Бог Творец. Бог нам ни се открива секогаш и насекаде. Преку нашата совест го слушаме Неговиот глас, низ целокупниот живот на природата јасно ја гледаме Неговата сила и слава,…
-

Архијерејско сослужување во манастирот „Вознесение Христово“, во Гевгелија
На 13. 06. 2024 година, денот кога го прославивме светлото Вознесение на Господ Бог наш и Спасителот Исус Христос, во манастирот „Вознесение Христово“ во Гевгелија, беше отслужена Света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот г. Јосиф се обрати со кратка беседа на која меѓу другото го истакна следното: Вознесениот Господ благоволи денес да сме на храмовата слава на…
-

Одбележана славата на Белград
На 13 јуни 2024 година, на празникот на Господовото Вознесение, во храмот „Вознесение Христово“ во Белград беше отслужена Литургија, на која началствуваше Српскиот Патријарх Порфириј. Претходниот ден, од манастирот „Ќелије“, во белградскиот вознесенски храм беа донесени моштите на преподобен Јустин Келијски. Исто така, во Белград пристигна и Корено-Курската икона на Богородица „Знамение“, придружувана од поглаварот на Руската задгранична црква, Митрополитот Њујоршки и Источноамерикански Николај. Така, Литургијата беше отслужена во присуство на спомнатите светињи. На Патријархот Порфириј му сослужуваа: Митропоитот Николај, заедно со архијереи од Руската задгранична црква, архијереи и свештенослужители од Српската православна црква и многуброен верен народ. На крајот…
