-

Петровден
Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Денеска го празнуваме овој голем празник, посветен на двата Апостоли Првоврховни, Светите Петар и Павле. Тие се големи примери на благодатта Божја. Тие со својот живот кој Му го доверија на Господ, проповедајќи ја Божјата наука на човекољубието, се покажаа како примери на непоколебливост. Цврсти, истрајни, храбри, одлучни, трудољубиви во секоја добродетел. Му ја покажаа на светот својата искрена вера. Верата, и одлучноста во храброста. Храбро и решително ја ширеа Божјата наука, преку служењето на сите луѓе. Тие го проповедаа Христовиот живот секому и насекаде. Тие ја ширеа Црквата Божја, тие беа вистински…
-

Рускиот Патријарх Кирил во Валаам отслужи помен за отец Методиј
Патријархот Московски и на сета Рус Кирил деновиве се наоѓа во посета на Валаамскиот манастир во Русија. На 10 јули 2024 година тој ги посети игуменските манастирски гробишта. Игуменските гробишта се подигнати од игуменот Дамаскин во 1876 година, крај дрвената камбанарија, посветена на преподобен Сергиј Радонешки. На овие гробишта, Патријархот Кирил им се обрати на присутните. Во таа прилика, тој се потсети на првата отслужена Литургија во манастирот во времето на безбожничкиот советски период. Тоа се случило во 1969 година, кога и тој самиот бил учесник во таа прва Литургија. Потоа, поглаварот на Руската православна црква отслужи помен за упокоените…
-

Митрополитот Ловчански Гавриил, за Радио Бугарија: Светите првоврховни апостоли Петар и Павле ги поставуваат основите на Црквата
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Ловчански г. Гавриил, од Бугарската православна црква, по повод празникот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, даде интервју за Радио Бугарија, во кое говореше за значењето на овие апостоли. Во продолжение пренесуваме извадоци од ова интервју на Митрополитот Гавриил, којшто беше еден од тројцата кандидати во потесниот избор за Патријарх на Бугарската црква. Светите апостоли Петар и Павле се толку поврзани што во ист ден умреле како маченици за верата. А заветуваната еднаквост меѓу нив се пренесува како наследство и во односите меѓу помесните цркви и, соодветно, меѓу патријарсите, архијереите и епископите. „Секој епископ, без разлика…
-

Во московскиот Сретенски манастир пристигна светиња од Србија
На 6 јули 2024 година (на денот кога се празнува Владимирската Богородична икона) во московскиот Сретенски манастир пристигна светиња од Србија. Игуменот на манастирот „Црна Река“, архимандрит Андреј, му предаде на братството на манастирот икона на преподобниот Петар Коришки, со честичка од моштите, како подарок од Рашко-Призренската епархија на Српската православна црква. Монахињите од манастирот „Уље“ ја насликаа иконата по овој повод, и таа е благодарствен дар кон Руската православна црква за нејзиното учество во животот на православниот народ во Косово и Метохија. По завршување на празничната Литургија, архимандритот Андреј му ја предаде иконата на игуменот Јован, старешина на Сретенскиот…
-

Преподобна Гертруда
Игуманија на Нивелската обител, нејзиниот спомен црквата го слави на 17 март (626-659; Saint Gertrude of Nivelles) Преподобната мајка наша Гертруда[1] била ќерка на Пипин Ланденски и света Ита, а била и блиска роднина на свети Бавон. Таа е родена во Ланден, во 626 година. Уште како млада девојка се одликувала со особени добродетели, презирајќи ја суетата на овој свет, а подоцна, по совет на свети Аманд, ја посветила својата девственост на Господа. Но, синот на еден прочуен австразиски господин, ја забележал при кралскиот двор и не можел да остане рамнодушен на нејзината убавина. За ова тој му раскажал на…
-

Нов викарен епископ на Бугарскиот Патријарх
На 9 јули 2024 година се одржа првата седница на Светиот Синод на Бугарската православна црква под претседателство на новоизбраниот Патријарх Даниил. Синодот ги донесе следниве одлуки: Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/reshenia-na-sv-sinod-ot-zasedanieto-mu-na-9-07-2024-g
-

Слава на Слепченскиот манастир
Фотографии: manastirslepche.mk Празникот на Рождеството на светиот пророк, Претеча и Крстител Јован, којшто е слава на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слече, Демирхисарско, беше прославен со Божествена Литургија, во неделата на 7 јули / 24 јуни. На крајот на богослужбата беа осветени празничните дарови коишто беа донесени од верниците.
-

Слава на Бигорскиот манастир
Фотографии: bigorski.org.mk Во недела, на 7 јули / 24 јуни, кога се празнува споменот на Рождеството на светиот Претеча и Крстител Јован, Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“ ја прослави својата слава. На навечерието на празникот беше отслужено бдение, а на дента на самиот празник – Света Литургија на која началствуваше игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски г. Партениј. Му сослужуваа свештеномонасите од манастирот, свештеници од другите епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и свештенослужители од Бугарската православна црква: архимандритот Никанор и свештеникот Симеон. На крајот на Литургијата беше благословено празничното коливо, а по богослужбата за гостите беше приредена…
-

Рождество на Свети Јован Крстител
Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Црквата Божја е втемелена во верата на Апостолите и учениците Христови. И сите последователни ученици на Христовата наука се апостоли и учители на Христовиот пример и на Неговата прекрасна наука. Сите верници во историјата на светот се носители на крстовоскреснатиот Христов спасителен чин. Секој верник во Црквата Божја, го исповеда чинот на спасението. А чинот на спасението се остварува преку катарзата, преку прочистувањето. Човекот е создаден од несовршената природа која ја создал Господ. За да биде очистена, осветена и обожена создадената природа, човекот треба самоволно, трезвеноумно и свесно да го посака тоа. Посакувајќи,…
-

Зворник во знак на духовно единство: заедничка богослужба на Митрополитите на Македонската и Српската православна црква
Во знакот на единството и духовната радост, во Стариот храм во Зворник, Босна и Херцеговина, на Иванден, 7 јули 2024 година беше отслужена Света архијерејска Литургија по повод празникот Рождество на свети Јован Крстител. Литургијата ја служеа Преосвештените митрополити г. Петар Преспанско-пелагониски, администратор на Австралиско-новозеландската епархија и домаќинот г. Фотиј Зворничко-тузлански од Српската православна црква. Сослужуваа голем број свештеници, а меѓу многубројниот верен народ кој се собра на празникот беше и градоначалникот на Зворник. Митрополитот Фотиј во својата беседа се обрати на собраниот народ, нагласувајќи го значењето на свети Јован Крстител како последниот пророк на Стариот Завет и првиот пророк…
