-

На Велигденската Миса, папата Франциск апелираше за прекин на огнот во Газа
Римскиот папа Франциск повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во неговата традиционална велигденска порака. Во пораката, искажана пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Франциск се осврна на конфликтите во Европа и на Блискиот Исток, осудувајќи ја војната како „апсурд“. Папата беше принуден да прескокне дел од неодамнешните настани или во некои случаи да го ограничи своето говорење поради лошата здравствена состојба, но во неделата, на Велигден – најважниот ден во христијанскиот календар – тој во целост го изрече своето послание и се појави расположен и насмеан, поздравувајќи го народот. Според Ватикан, Франциск…
-

Сеноќно бдение и Света Архијерејска литургија во Струмица
Пишува: Катерина Дафчева На Неделата на Свети Григориј Палама, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Света Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. – Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо значење на Црквата – Телото Христово, како заедница, која со своите најразлични богочовечки дарови како: утеха, поука, личен пример,…
-

9-дневен помен за загинатите во терористичкиот напад во Москва
На 30 март 2024 година, во саботата од втората седмица на Великиот пост, архиепископот Адинцовски и Красногорски Тома отслужи помен за загинатите во терористичкиот напад, што се случи пред девет дена во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва. Претходно, тој началствуваше на Литургијата во храмот „Св. Никола“ во градот Красногорск (Московска област). На Литургијата беа присутни роднини на жртвите, свештеници, волонтери (кои помагаа во штабот за пружање помош на жртвите од нападот), соработници на коцертната сала „Крокус Сити Хол“ и парохијани. По завршувањето на Литургијата, архиепископот Тома отслужи помен за загинатите. Поменот беше отслужен кај спонтано направениот меморијален споменик,…
-

Преподобна Витбурга, испосничка во Холкем
Света Витбурга беше најмладата ќерка на побожниот крал Ана од Источна Англија (владеел од 635 до 653/654 година), кој имаше шест свети ќерки, а самиот маченички пострада од рацете на паганскиот крал Пенда Мерсиски. Една од сестрите на Света Витбурга е преподобната Етелдреда, чија нераспадлива десна рака до ден-денес почива во црквата на градот Ели. Света Витбурга извесно време живееше строг аскетски живот, како испосничка во Холкам, а во спомен на нејзините духовни подвизи местото беше преименувано во Витбургстоу („Светото место на Витбурга“) неколку векови подоцна. Потоа се пресели во селото Дурам во центарот на Норфолк, каде што остана до…
-

Претседателот на Полска ќе биде почесен покровител на одбележувањето на 100-годишнината од автокефалноста на Полската православна црква
Канцеларијата на Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава (поглавар на Полската православна црква) соопшти дека претседателот на Полска, Андреј Дуда, ќе земе учество во одбележувањето на 100-годишнината од автокефалноста на Полската православна црква. Манифестациите, по повод јубилејот, ќе се одвиваат под почесно покровителство на полскиот претседател. Сите информациски и рекламни материјали, поврзани со јубилејот, ќе го содржат логото на претседателот на државата. Извор: https://www.orthodox.pl/patronat-honorowy-prezydenta-rp/
-

Пагански ритуал во римокатоличка катедрала во САД
Во римокатоличката катедрала „Христос Царот“, во американската држава Висконсин, на 19 март 2024 година, пред почетокот на мисата, се одржа шамански ритуал. За време на ритуалот, четири жени облечени во индијанска облека стоеја околу олтарот и истовремено се вртеа кон север, исток, југ и запад, додека еден маж на говорницата се молеше за помош од „создателот“ да им даде „сила и храброст… да ја сфатат светоста на животот, на мајката-земја и на целото создание“. За време на ритуалот, во храмот присуствуваше и епископот на локалната епархија Џемс Пауерс, заедно со скоро целото свештенство од неговата епархија. Интересно е да се…
-

Американскиот адвокат на Украинската Православна црква, Роберт Амстердам, упати отворено писмо до Цариградскиот патријарх Вартоломеј
Шефот на меѓународната компанија за човекови права „Amsterdam & Partners LLP“, адвокатот на Украинската православна црква (УПЦ) Роберт Амстердам, му напиша отворено писмо на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Во писмото, тој го побара неговото мислење во врска со нацрт-законот 8371 (во Украина), кој го отвара патот за забрана на Украинската православна црква. „И покрај ветувањето на Патријархот Вартоломеј дека ќе ги почитува сите украински православни конфесии и дека ќе промовира домоустројство на заемно разбирање при доделувањето на Томос за автокефалија на новоформираната Православна црква на Украина, сепак неговата одлука ја отвори Пандорината кутија. Молкот, во врска со сѐ позаострената состојба, ја…
-

Римскиот папа Франциск за првпат го изврши обредот на миење нозе само на жени
На 28 март, во Римокатоличката црква беше Велики четврток. Римскиот папа Франциск отслужи Миса во римскиот затвор Ребибија, по што го изврши традиционалниот обред на миење на нозе. Овојпат, Римскиот папа им ги изми нозете на 12 жени затворенички, од различни националности. Обредот на миење нозе во Римокатоличката црква датира најмалку од доцниот 12 век, кога Римскиот папа ги измивал нозете на 12 ипоѓакони, после Мисата на Велики четврток, и на уште 13 сиромашни луѓе, после вечерата, на истиот ден. Во 1955 година, Папата Пиј XII направи ревизија на овој обред и го вметна во самата Миса. Оттогаш, овој обред…
-

Параклис посветен на Свети Андреј во романскиот парламент
Фотографија: ziarullumina.ro Романскиот Патријарх Даниел во понеделникот го освети параклисот посветен на Свети Андреј во парламентот на Романија. По богослужбата на осветувањето, Патријархот Даниел се осврна на постоењето на параклиси во различни парламенти ширум светот, во аеродромите, во близина на болниците или на други јавни простори. Патријархот Даниел ги опиша овие простории како „извори на мир, радост и надеж“. Посветен на Свети Андреј Првоповикан Патријархот потсети дека Државниот совет, а подоцна и Домот на пратеници своевремено биле сместени во непосредна близина на митрополитската катедрала. Во моментов, Парламентот на Романија се наоѓа во непосредна близина на Соборниот храм кој е посветен…
-

Нов формат на Требник во Бугарската православна црква
Софиската митрополија на Бугарската православна црква започна со издавање на богослужбената книга „Требник“, во нов формат. Книгата ќе биде поделена на шест делови, за да им биде попрактично на свештенослужителите. Првиот дел од Требникот излезе од печат. Во него се содржат: молитвословијата, поврзани со породувањето, и чинот на светото Крштение. Изданието е двојазично, на бугарски и на црковнословенски јазик. Форматот на книгата е А6. Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/izleze-ot-pechat-parvata-chast-na-trebnik-krashtenie
