Најнови објави

  • Православната црква на Албанија за истополовите бракови: „Она што не е природно, не може преку закон да стане природно“

    Православната црква на Албанија за истополовите бракови: „Она што не е природно, не може преку закон да стане природно“

    Православната Црква на Албанија го искажа својот став за бракот меѓу истополови двојки. Поточно, Црквата изјави дека продолжувањето на човечкиот род е засновано на двата пола и на нивнотото соединување. Се наведува: „Ниту една култура, религија или правен систем (како оние на Солон, Платон итн.) не ја институционализираше хомосексуалната заедница како брак. Она што е неприродно не може да стане природна преку законски одредби. Напротив, таков закон го навредува создавањето“. Во продолжение следува целосното соопштение на Албанската православна црква: Во врска со законското признавањето на хомосексуалниот соживот како брак, Православната автокефална црква на Албанија изјавува: Добро е познато дека продолжувањето…

    Прочитај го текстот



  • Рускиот Патријарх Кирил упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски Стефан по повод неговиот именден

    Рускиот Патријарх Кирил упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски Стефан по повод неговиот именден

    Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Рус г.г. Кирил упати честитка до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, по повод неговиот именден. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост. Москва, 09.01.2024 До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Ваше Блаженство, Возљубен собрате и сослужителе пред престолот Божји! Срдечно Ви го честитам именденот. Вдахновени од подвигот на верата на Вашиот небесен покровител, Вие ја извршувате високата и одговорна служба на Претстоител што Ви е доверена, грижејќи се за моралниот раст на паството што ви е доверено, за да го зачува „единството на духот…

    Прочитај го текстот



  • Богословот Анастасиос Гоцопулос објасни дали е возможно да се свика Сеправославен Собор без Цариградскиот Патријарх

    Богословот Анастасиос Гоцопулос објасни дали е возможно да се свика Сеправославен Собор без Цариградскиот Патријарх

    Пишува: Јарослав Нивкин Грчкиот презвитер Анастасиос Гоцопулос смета дека во Православието е невозможен системот на папизмот, според кој еден човек владее над сите. Грчкиот богослов и презвитер Анастасиос Гоцопулос, во интервјуто за СПЖ, објасни дали е возможно да се свика Сеправославен Собор во врска со украинскиот проблем, без согласност на Цариградскиот Патријарх. Тој истакна дека, во Православната Црква, лекувањето на расколите и на поделбите секогаш се правело соборно. „Ние, православните, се гордееме со нашата соборност. Ние не го прифаќаме системот на папизмот, според кој над сите владее еден човек, кој не води сметка за никаков собор на епископи. И овој…

    Прочитај го текстот



  • Богослов од Грција: Автокефалијата на ПЦУ создаде проблем за целото Православие

    Богослов од Грција: Автокефалијата на ПЦУ создаде проблем за целото Православие

    Пишува: Јарослав Нивкин Презвитерот Анастасиос Гоцопулос кажува дека Украинската православна црква (УПЦ) трпи гонења од сопствените власти, а, истовремено, страда од смрт и разурнувања, предизвикани од војната. Во интервју за СПЖ, грчкиот богослов и свештеник Анастасиос Гоцопулос изјави дека доделувањето на автокефалија од страна на Фанар (Цариградската патријаршија) за Православна црква на Украина (ПЦУ) не само што не го реши проблемот на расколот во Украина, туку го рашири и врз целото Православие. Според неговите зборови, „самото устројство на автокефални Цркви било воведено во служба на единството на Вселенската Православна Црква“. „За жал, автокефалијата, дадена на Украинската црква во 2019 година,…

    Прочитај го текстот



  • Радикализмот на крстот

    Радикализмот на крстот

    Протојереј Златко Ангелески Во 13-тата глава од Евангелието според Јован, ги читаме следниве зборови: „А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот Негов за да премине од овој свет кон Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака. И на вечерата, кога ѓаволот беше вдахнал во срцето на Јуда Симонов Искариот за да Го предаде, Исус, знаејќи дека Отецот сè Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека при Бога оди, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека и кога зеде крпа, се препаша; потоа истури вода во сад за миење…

    Прочитај го текстот



  • Статусот на УПЦ се подразбира во каноните како жива пракса на Црквата

    Статусот на УПЦ се подразбира во каноните како жива пракса на Црквата

    Пишува: Јарослав Нивкин Презвитерот Анастасиос Гоцопулос кажа дека, до формирањето на сегашниот црковен систем, помесните Цркви поседувале поголема самостојност. Отец Анастасиос Гоцопулос, презвитер и богослов од Грчката црква, во интервју за СПЖ го прокоментира сегашниот статус на Украинската православна црква (УПЦ). Тој истакна дека „таа може самата да вари миро и сама да ги канонизира своите светители, не барајќи дозвола од својата Мајка – Црква, односно од Московската Патријаршија.“ „УПЦ поседува таква автономија, каква што нема ниту во една друга автономна Црква… А колку што ми е мене познато, таков статус на автономија не е строго пропишан никаде во свештените…

    Прочитај го текстот



  • Во манастирот Св. Јован Златоуст група поклоници од Грција

    Во манастирот Св. Јован Златоуст група поклоници од Грција

    Манастирот Свети Јован Златоуст, на 2 јануари 2024 г. го посетија поклоници од соседна Грција предводени од игуменот на машкиот манастир Света Троица во Спарму на Олимп, архимандритот Никанор и игуманијата на женскиот манастир Света Лидија Филипијска на Аспровалта, герондиса Марија. Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован им објасни на поклониците кога и како е настанат манастирот Свети Јован Златоуст. Извор: https://krushdem.org/2024/01/02/во-манастирот-св-јован-златоуст-група/

    Прочитај го текстот



  • Соопштение од Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА

    Соопштение од Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА

    Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот при што се доделија одличија на заслужни свештеници. На почетокот од седницата Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА. Светиот Синод, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастар – Мариово, за…

    Прочитај го текстот



  • Божикен попуст на изданијата од Повардарската епархија

    Божикен попуст на изданијата од Повардарската епархија

    Дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ на Повардарската епархија, се на Божикен попуст, од 25 декември 2023 до 25 јануари 2024 година. Книгите може да се порачаат преку издаваштвото на Повардарската епархија на тел 043/221-231, преку Facebook страната на епархијата или преку е-пошта на [email protected] Изданијата на попуст се на следната фотографија.

    Прочитај го текстот



  • Промената на односот кон истополовите заедници во Римокатоличката црква

    Промената на односот кон истополовите заедници во Римокатоличката црква

    Проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ Внимателно ја прочитав последната Декларација на Римокатоличката црква, со која се дозволува „благословување“ на истополови заедници. Со оглед на надворешниот и внатрешниот притисок под кој беше подложена изминативе години, одлуката беше очекувана. Она што ме интересираше беше аргументацијата што ќе ја понудат. Главниот аргумент наведен во соопштението се темели врз одвојувањето на благословите од сакраментите, т.е. таинствата. На тој начин, Декларацијата се обидува да ја „заштити“ институцијата брак, т.е. ја отфрла можноста за буквално венчавање на истополови парови. Иако е замислена како компромис, таа предизвикува негодувања на двете страни. Едни се незадоволни што нивата црква му…

    Прочитај го текстот