-

Српскиот Патријарх Порфириј укажа на експоненцијалниот раст на нетолерантност на украинските власти кон Украинската православна црква
Откако во украинскиот парламент, во прво читање, беше прифатен нацрт-законот бр. 8371, кој е насочен кон забрана на дејноста на Украинската православна црква, Патријархот Московски и на сета Рус Кирил им испрати писма на Претстоителите на помесните Православни цркви и на редица религиозни дејци, а, исто така, и на претставници на меѓународните организации. Патријархот Кирил, од името на сета полнота на Руската православна црква, им се обрати на Претстоителите на помесните Православни цркви со молба да истапат со поддршка на Украинската православна црква и на сите нејзини верни чеда, кои трпат оскрбувања и страдања заради словото Божјо и заради сведоштвото…
-

Украинските власти покренаа обвинение против уште еден Архијереј на Украинската православна црква
Украинските органи за спроведување на законот ставија под истрага уште еден архиереј на канонската Украинска православна црква. Неговото Високопреосвештенство Сумскиот Митрополитот г. Евлогиј доби официјално обвинение за „поттикнување верска омраза“ на 20 февруари, како што самиот изјави за Сојузот на православни новинари. Истрагата се заснова на изјавите што тој ги дал во октомври за тоа дека голем број помесни цркви, вклучително и Полската и Албанската црква, не ја признаваат таканаречената „Православна црква на Украина“. Службениците на Националната полиција и на Украинската служба за безбедност извршиле притисок врз него да потпише документ со кој тој ја признава вината, но архијерејот одбил,…
-

Хоспитализиран Митрополитот Черкаски г. Теодосиј
На фотографијата: нападот на манастирот Рождество Богородично во Черкаси во 2023 год., снимка од видеото објавено од Народниот пратеник во Украинскиот парламент Артем Дмитрук Рано утрото на 22 февруари 2024 година, Украинската служба за безбедност повторно изврши претрес на куќата на Митрополитот Черкаски и Каневски г. Теодосиј, од Украинската православна црква, како што пренесува Телеграм каналот на Черкаската епархија. Безбедносните сили ја прекинаа Божествената Литургија во домашниот храм на архијерејот. Притоа, Митрополитот Теодосиј доживеа срцев удар и му беше укажана лекарска помош. Украинската служба за безбедност објави дека на Митрополитот Теодосиј му врачила веќе четврто обвинение за „субверзивни активности против…
-

Свети свештеномаченик Вигилиј
Протојереј Златко Ангелески Првиот епископ на Тренто и заштитник на Тирол, чиј спомен православната црква го слави на 26 јуни. (околу 353 – 405; италијански: San Vigilio di Trento) Свети Вигилиј е роден околу 353 година, во семејството на римскиот патрициј Максентији, најверојатно, Теодосија. Неговите браќа Клавдијан и Магоријан, исто така, се прогласени за свети. Своето образование Вигилиј го стекнал во Атина и се претпоставува дека бил близок пријател со свети Јован Златоуст. Од Атина, тој најпрво пристигнал во Рим, а потоа заминал за Тренто, каде што во 380 година била избран за епископ на градот. Тој е ракоположен или…
-

Соопштение од Светиот архијерејски синод од седницата на 29.02.2024
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно со својата претходна Одлука за несослужување со Православната Црква на Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието, оформи комисија која ќе го проучи нејзиниот статус. Исто така, Синодот ја задолжи истата комисија да го проучи и проблемот со именувањето на МПЦ – OА од страна на елинофонските цркви. Синодот ги разгледа и написите за МПЦ-ОА на г. Марјан Николовски, објавувани на неговиот портал ,,Религија’’, во кои тој континуирано изнесува непроверени, тенденциозни и погрешни факти, со што ја доведува јавностa во заблуди и затоа го советува…
-

Во Софија одбележен празникот на свети Серафим Соболев, со учество на претставници од неколку помесни православни Цркви
На 26 февруари 2024 година, во храмот „Св. Николај“, кој е Подворје на Патријархот Московски и на сета Рус во Софија, беше свечено прославен споменот на свети Серафим (Соболев), архиепископ Богучарски – Софиски чудотворец. На Литургијата началствуваше главниот секретар на Светиот Синод на Бугарската православна црква, епископот Мелнички Герасим. Нему му сослужуваа: старешината на Подворјето – протојереј Владимир Тишчук, претставникот на Православната црква на Чешките земји и на Словачка при Московскиот патријарх – архимандрит Серафим Шемјатовски, претставникот на Романската православна црква во Бугарија – ставрофорниот свештеноеконом Нелуц Опрја, протојерејот Алексиј Максимењук, јеромонахот Јустин Крстев од светогорскиот манастир „Зограф“, свештенослужителите од…
-

Во Полска одбележан Светскиот ден на православната младина
Православната младина секоја година со нетрпение го очекува празникот на Сретението Господово. На тој ден, не само што се сеќаваме на значајни настани од историјата на спасението на човештвото, туку го прославуваме и Светскиот ден на Православната младина. Овој празник е востановен пред повеќе од триесет години од страна на меѓународната федерација на црковни младински организации – Синдесмос. Братството на православната младина во Полска пред неколку години иницираше почеток на традиција за општополска прослава на овој празник. Прославата се организира во викендот што е најблиску до 15 февруари. Секоја година се одржува во различен град и во различна епархија. Оваа…
-

Послание од Светогорскиот манастир Григоријат во врска со озаконувањето на истополовите бракови
Манастирот Григоријат на Света Гора Светогорскиот манастир Григоријат испрати отворено писмо во врска со озаконувањето на истополовите бракови во Грција. Во продолжение ова писмо го пренесуваме интегрално. Во грчкиот Парламент повторно се распнува Христос Владетелот на сè е навредуван од судии беззаконици, освен неколкумина, кои се достојни за пофалба. „Господовиот помазаник“, нашиот крстен народ е на нишан. Силите на темнината, странски и домашни, се соучесници во потфатот. „Змејот се разгневи“ против „оние што го имаат сведоштвото на Исуса Христа“ (Откр 12, 17). Оние кои не прават компромис со заповедите на глобалистите, се подложуваат на големо искушение. Ова е почеток на…
-

Црквата на Крит забрани крштевање на деца чии родители и кумови не се црковно венчани
Во посланието од 09.02.2024 г., Светиот синод на Црквата на Крит објави построги услови за извршување на светата тајна Крштение. За Крштение отсега ќе биде потребно одобрување од Архиепископијата на Крит или од Митрополијата на која ѝ припаѓаат верниците. Во посланието се наведени конкретните услови како да се добие тоа одобрение. Родителите и кумовите мора да се црковно венчани. Одлуката изрично забранува крштевање на деца од родители кои не се црковно венчани. Истата забрана важи и доколку кумот/кумата е во брак, а нема црковно венчание. Овие нови мерки ја изразуваат посветеноста на Критската црква за одржување на православните христијански вредности.…
-

Одлуки на Светиот синод на Цариградската патријаршија
На 26 и на 27 февруари 2024 година се одржа редовно заседание на Светиот синод на Цариградската патријаршија. Во официјалното соопштение од првиот ден на заседанието се вели: „Денес, на 26 февруари 2024 година, под претседателство на Неговата божествена сесветост, Светиот и свештен синод имаше редовно заседание, на кое се разгледаа предвидените точки од дневниот ред. На предлог од Неговата божествена сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, при влегувањето во (периодот на) светиот Триод и во пресрет на Светата и Велика Четириесетница, Светиот и свештен синод, за случаите на Епископот Евмениски г. Иринеј и на Епископот Дорилејски г. Дамаскин, одлучи да…
