-

Хиротонија на архимандритот Даниил (Леписк) за епископ Тартуски
На 4 февруари 2024 година, во 35. недела по Педесетница, во денот на празникот на Соборот на новомаченици и исповедници на Руската Црква, во катедралниот храм „Св. Александар Невски“ во Талин (Естонија) беше извршена хиротонијата на архимандритот Даниил (Лепик) за епископ Тартуски, викар на Талинската епархија. Со богослужбата началствуваше Претстоителот на Естонската православна црква на Московската патријаршија митрополитот Талински и на цела Естонија Евгениј, во сослужение на митрополитот Виленски и Литовски Инокентиј, епископот Нарвски и Причудски Лазар, епископот Маардуски Сергиј (викар на Талинската епархија), епископот Тракајски Амвросиј (викар на Виленската епархија) и на клирици од Талинската и Нарвската епархија на…
-

Света Евлалија од Андора
Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави нејзиниот спомен на 22 август, по јулијанскиот календар(290-304; шпански: Eulalia de Barcelona;каталонски: Santa Eulalia de Barcelona) Светата маченичка Евлалија, ко-заштитничката на прекрасниот град Барселона, маченички пострадала на 13-годишна возраст, за време на страшните гонења на христијаните, кои ги започнал римскиот император Диоклецијан. Иако млада, подобно на светите сестри Вера, Надеж и Љубов, таа во ниту еден момент не се почувствувала слаба по дух, иако немоќна по тело, па храбро и достоинствено ги претрпела сите ужасни маки на кои била подложена. Била ставена во буре со острици и во него тркалана по улица, но светата…
-

Свети Александар Невски отстранет од црковниот календар на ПЦУ
Синодот на Православната црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија), на седницата одржана на 2 февруари 2024 година, донесе одлука: да се отстрани од црковниот календар на Православната црква на Украина денот на споменот на благоверниот кнез Александар Новгородски (Невски), во схима Алексиј, на 23 ноември. Да се воведе на 23 ноември дополнителен датум за празнување на споменот на свети Александар, првиот игумен на манастирот „Неспиечките“ (околу 430 г.) и да се вклучи во црковниот календар на Православната црква на Украина. https://www.pomisna.info/uk/vsi-novyny/ofitsijne-povidomlennya-pro-zasidannya-svyashhennogo-synodu-2-lyutogo-2024-r/
-

Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 451: Литургија без причесници
Дали Литургијата е потполна доколку за време на нејзиното служење ниту еден човек не пристапи да се причести? Како што е формулирано прашањето, одговорот не може да биде поинаков, освен негативен. Литургијата сама по себе, односно како служба на светата тајна на Божествената Евхаристија, не може да биде ништо друго, освен потполна и целосна, па дури и ако не се причести ниту еден христијанин. Невозможно е нејзината валидност и потполност да зависат од количината на учество на народот во светите тајни. Впрочем, несомнено имало случаи во минатото, а неретко и денес, да се служи Литургија без да се причести дури…
-

Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 236: за молитвата „Цару Небесен“
Дали молитвата „Цару Небесен“ се кажува пред возгласот „Благословено е царството…“ на Литургија? Според праксата што владее денес, свештеникот ја кажува молитвата „Цару Небесен“ пред возгласот за почеток на Литургијата, односно пред „Благословено е царството…“. Колку што знам, првото сведоштво за тоа се среќава во кодексот од Патмос 719 од 13. век, и во „Поредок на Божествената Литургија“ од Константинополскиот Патријарх Филотеј (14. век). Во второво дело оваа пракса сѐ уште не е целосно зацврстена, бидејќи свештеникот имал можност да одбере помеѓу „Цару Небесен“ и „Слава на Бога во висините“ („свештеникот и ѓаконот, застанувајќи заедно пред светата трпеза, се поклонуваат…
-

Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 170: за входот
Дали е правилно входот на Евангелието, односно на Божјото слово, да се нарекува „мал“, а входот на неосветените дарови „голем“? Зарем Божественото и свештено Евангелие се смета за помало од обичните леб и вино? Епитетите „мал“ и „голем“, што денес се употребуваат за определување на двата входа на Литургијата, се подоцнежни. До 13. век, за означување на денешниот „мал“ вход ракописите ги употребуваат следниве термини: „вход“, „прв вход“, „вход на патријархот“ или „на архијерејот“, „вход со Евангелие“, „влегување“, „правење вход“ и др. За пренесувањето на даровите дури и не се употребува називот „вход“. Меѓутоа, терминот „прв вход“, што се среќава…
-

Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 565: Литургија попладне или навечер
Дали е можно, и под кои услови, да се служи Литургија попладне или навечер во неделите, на празници или во други денови од годината, кога пастирските потреби го налагаат тоа? Пред сѐ, служењето на Литургијата не е поврзано со ниту еден временски момент или период од деноноќието. Таа се движи над тоа, односно на некој начин е во безвремената сфера на Царството Божјо. Литургијата не е само икона и симбол на Царството Божјо, туку е негово реално и вистинско присуство. Индикативно е дека ниту една од нејзините молитви, во сите варијанти на литургиските типови од цел свет, не предвидува конкретна…
-

Торжествено прославен споменот на Преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот Манастир
На 28.01.2024 година, Недела 34-та по Педесетница и кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Преосвештениот Епископ Врањски г. Пахомиј, Архиереј на СПЦ, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј, Високопреподобниот Архимандрит на манастирот Св. Прохор Пчињски, отец Методиј, протосингелот отец Исак и свештенослужители од Кумановско – осоговската и Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската Света Обител. На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Григориј, а по завршувањето на Литургијата, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб. Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/
-

На свештеникот Анастасиос Гоцопулос му се заканува расчинување
Пишува: Константин Фламис Дури веќе и расчинување му се заканува на свештеникот Анастасиос Гоцоплулос, кој, со интервјуто што го даде за еден интернет канал и сајт,* не само што се изјасни како поборник за Руската Црква, за Путин итн., туку уште еднаш изјави дека не го признава Киевскиот Митрополит Епифаниј, сметајќи го… за еретик (прекршувајќи ги одлуките на Црквата на Грција), но и омаловажувајќи го Патријархот Вартоломеј, кого (заедно со други, наводно православни, фанатици од Патра) континуирано го има на нишан. Митрополитот на Патра Хризостом го обвинува о. Анастасиос за следново: Тој изјави дека изразува подршка и почит кон поранешниот…

