Најнови објави

  • Манастирот „Хора“ претворен во џамија

    Манастирот „Хора“ претворен во џамија

    Турција се наоѓа на прагот од реализација на првата исламска молитва во манастирот „Хора“. Весникот „Јени Шафак“, во својата објава, наведува дека тоа ќе се случи на 23 февруари, имајќи предвид дека се завршени работите за претворање на храмот-музеј во џамија. Тој се наоѓа во населбата Фатих во Истанбул. Одлуката на турската влада за претворање на манастирот „Хора“ во џамија беше објавена во август 2020 година, откако тогашниот храм – музеј премина во рацете на Службата за верски прашања, со решение на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Истата процедура беше спроведена и за „Света Софија“. Одлуката на претседателот Ердоган предизвика…

    Прочитај го текстот



  • В недела, на 4 февруари, Романската патријаршија прослави 99 години од основањето

    В недела, на 4 февруари, Романската патријаршија прослави 99 години од основањето

    Пишува: Андреј Урсулеан На работната седница од 4 февруари 1925 година, Светиот синод донел одлука за основање на Романската Православна Патријаршија. Процесот започнал веднаш по Големото обединување од 1918 година. Историја При крајот на 1924 година, Пимен, Митрополитот Молдавски и Сучевиски, изготвил предлог според кој е предложено Митрополијата на Унгаровлахија да биде издигната на ранг на Патријаршија. Притоа, примарниот Митрополит да ја носи титулата: Патријарх на Романската Православна Национална Црква. Актот бил потпишан од Митрополитот Нектариј Буковински, од Архиепископот Гуриј Кишиневски и од Епископите: Лукијан Романски, Роман Орадески, Николај Клужиски и Илариј Констанциски. Предлогот бил вклучен на дневниот ред при…

    Прочитај го текстот



  • Преподобна маченичка Колумба

    Преподобна маченичка Колумба

    На фотографијата: Црква во чест на Света Колумба во градот Санта Колома во Андора. Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави нејзиниот спомен на 17 септември(?-853; Saint Columba of Spain) Преподобната маченичка Колумба е родена во градот Кордоба, Шпанија. Како млада девојка се замонашила во местото Табанос, во близина на Кордоба, но оттаму била прогонета за време на маварските прогони. Иако нашла привремено засолниште во Кордоба, сепак, муслиманите ја пронашле и побарале јавно да се откаже од Христа и да поверува дека Мухамед е вистински пророк. Откако муслиманите не можеле со никакви средства да ја убедат да ја прими нивната вера,…

    Прочитај го текстот



  • Хиротонија на архимандритот Даниил (Леписк) за епископ Тартуски

    Хиротонија на архимандритот Даниил (Леписк) за епископ Тартуски

    На 4 февруари 2024 година, во 35. недела по Педесетница, во денот на празникот на Соборот на новомаченици и исповедници на Руската Црква, во катедралниот храм „Св. Александар Невски“ во Талин (Естонија) беше извршена хиротонијата на архимандритот Даниил (Лепик) за епископ Тартуски, викар на Талинската епархија. Со богослужбата началствуваше Претстоителот на Естонската православна црква на Московската патријаршија митрополитот Талински и на цела Естонија Евгениј, во сослужение на митрополитот Виленски и Литовски Инокентиј, епископот Нарвски и Причудски Лазар, епископот Маардуски Сергиј (викар на Талинската епархија), епископот Тракајски Амвросиј (викар на Виленската епархија) и на клирици од Талинската и Нарвската епархија на…

    Прочитај го текстот



  • Света Евлалија од Андора

    Света Евлалија од Андора

    Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави нејзиниот спомен на 22 август, по јулијанскиот календар(290-304; шпански: Eulalia de Barcelona;каталонски: Santa Eulalia de Barcelona) Светата маченичка Евлалија, ко-заштитничката на прекрасниот град Барселона, маченички пострадала на 13-годишна возраст, за време на страшните гонења на христијаните, кои ги започнал римскиот император Диоклецијан. Иако млада, подобно на светите сестри Вера, Надеж и Љубов, таа во ниту еден момент не се почувствувала слаба по дух, иако немоќна по тело, па храбро и достоинствено ги претрпела сите ужасни маки на кои била подложена. Била ставена во буре со острици и во него тркалана по улица, но светата…

    Прочитај го текстот



  • Свети Александар Невски отстранет од црковниот календар на ПЦУ

    Свети Александар Невски отстранет од црковниот календар на ПЦУ

    Синодот на Православната црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија), на седницата одржана на 2 февруари 2024 година, донесе одлука: да се отстрани од црковниот календар на Православната црква на Украина денот на споменот на благоверниот кнез Александар Новгородски (Невски), во схима Алексиј, на 23 ноември. Да се ​​воведе на 23 ноември дополнителен датум за празнување на споменот на свети Александар, првиот игумен на манастирот „Неспиечките“ (околу 430 г.) и да се вклучи во црковниот календар на Православната црква на Украина. https://www.pomisna.info/uk/vsi-novyny/ofitsijne-povidomlennya-pro-zasidannya-svyashhennogo-synodu-2-lyutogo-2024-r/

    Прочитај го текстот



  • Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 451: Литургија без причесници

    Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 451: Литургија без причесници

    Дали Литургијата е потполна доколку за време на нејзиното служење ниту еден човек не пристапи да се причести? Како што е формулирано прашањето, одговорот не може да биде поинаков, освен негативен. Литургијата сама по себе, односно како служба на светата тајна на Божествената Евхаристија, не може да биде ништо друго, освен потполна и целосна, па дури и ако не се причести ниту еден христијанин. Невозможно е нејзината валидност и потполност да зависат од количината на учество на народот во светите тајни. Впрочем, несомнено имало случаи во минатото, а неретко и денес, да се служи Литургија без да се причести дури…

    Прочитај го текстот



  • Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 236: за молитвата „Цару Небесен“

    Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 236: за молитвата „Цару Небесен“

    Дали молитвата „Цару Небесен“ се кажува пред возгласот „Благословено е царството…“ на Литургија? Според праксата што владее денес, свештеникот ја кажува молитвата „Цару Небесен“ пред возгласот за почеток на Литургијата, односно пред „Благословено е царството…“. Колку што знам, првото сведоштво за тоа се среќава во кодексот од Патмос 719 од 13. век, и во „Поредок на Божествената Литургија“ од Константинополскиот Патријарх Филотеј (14. век). Во второво дело оваа пракса сѐ уште не е целосно зацврстена, бидејќи свештеникот имал можност да одбере помеѓу „Цару Небесен“ и „Слава на Бога во висините“ („свештеникот и ѓаконот, застанувајќи заедно пред светата трпеза, се поклонуваат…

    Прочитај го текстот



  • Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 170: за входот

    Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 170: за входот

    Дали е правилно входот на Евангелието, односно на Божјото слово, да се нарекува „мал“, а входот на неосветените дарови „голем“? Зарем Божественото и свештено Евангелие се смета за помало од обичните леб и вино? Епитетите „мал“ и „голем“, што денес се употребуваат за определување на двата  входа на Литургијата, се подоцнежни. До 13. век, за означување на денешниот „мал“ вход ракописите ги употребуваат следниве термини: „вход“, „прв вход“, „вход на патријархот“ или „на архијерејот“, „вход со Евангелие“, „влегување“, „правење вход“ и др. За пренесувањето на даровите дури и не се употребува називот „вход“. Меѓутоа, терминот „прв вход“, што се среќава…

    Прочитај го текстот



  • Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 565: Литургија попладне или навечер

    Одговори на литургиски недоумици, прашање бр. 565: Литургија попладне или навечер

    Дали е можно, и под кои услови, да се служи Литургија попладне или навечер во неделите, на празници или во други денови од годината, кога пастирските потреби го налагаат тоа? Пред сѐ, служењето на Литургијата не е поврзано со ниту еден временски момент или период од деноноќието. Таа се движи над тоа, односно на некој начин е во безвремената сфера на Царството Божјо. Литургијата не е само икона и симбол на Царството Божјо, туку е негово реално и вистинско присуство. Индикативно е дека ниту една од нејзините молитви, во сите варијанти на литургиските типови од цел свет, не предвидува конкретна…

    Прочитај го текстот