Најнови објави

  • Свети маченици Виктор и Стефанида

    Свети маченици Виктор и Стефанида

    Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави нивниот спомен на 11 ноември (?-170; Saints Victor and Stephanie (Corona) За време на римскиот император Антонин, под водство на војводата Севастијан, војска служел еден војник родум од Италија, по име Виктор. Овој Виктор верувал во Господа Исуса Христа и отворено го исповедал Неговото сесвето име пред сите. А кога во тоа време настанало гонењето на христијаните, тогаш војводата го повикал  блажениот Виктор кај себе и му рекол: „Од царот добивме наредба, со која тој наредува: Да ве принудиме вас, христијаните, да принесете жртви на нашите богови; кој нема да послуша, изложете го на…

    Прочитај го текстот



  • „Воук“ култура: родовата теорија како еден од главните фактори на поробување на современото општество

    „Воук“ култура: родовата теорија како еден од главните фактори на поробување на современото општество

    Епископ стобиски Јаков Излагање на научниот собир „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова еднаквост“, организиран од Информативната служба на Српската Православна Црква и Матица српска на 16 јануари 2024 година, во Националната библиотека на Србија. Едноставно е невозможно да се зборува за „воук“ културата општо, во овој временски интервал што го имаме, бидејќи таа го проникнува целото глобално општество во сите пори на општествениот, а можам да кажам и приватниот, личен живот на поединецот, секогаш засегајќи ја неговата слобода. Еден од главните наративи е наводното будење (woke = разбуден, освестен) и грижа за жртвите од минатото, додека пак,…

    Прочитај го текстот



  • Архијерејска литургија во Делчево

    Архијерејска литургија во Делчево

    Денеска, кога Црквата го празнува споменот на Трите Свети Архијереи, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Делчево, Митрополитот Брегалнички г. Иларион началствуваше на Светата Божествена Литургија во сослужение со Епископот делчевско-каменички г. Марко и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    Прочитај го текстот



  • Архијерејско сослужување и ракополагање во храмот „Свети Тројца Јерарси“, во н. Аеродром, Скопје

    Архијерејско сослужување и ракополагање во храмот „Свети Тројца Јерарси“, во н. Аеродром, Скопје

    На 12.02.2024 година, денот кога Православната црква го празнува споменот на Светите Тројца Јерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужување со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенство од Скопската и Тетовската митрополија, богослужеше и проповедаше на Божествената Литургија во храмот посветен на Светите Тројца Јерарси, во населбата Аеродром, во Скопје. Во Литургијата учествуваше и многуброен верен народ, кој се причести со Светите Христови Тајни. На Светата Литургија, Архиепископот Стефан во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Дарко Ставрев. Овој храм е еден од ретките посветени на овие…

    Прочитај го текстот



  • Средба на Халкидонскиот митрополит Емануил со премиерката на Литванија

    Средба на Халкидонскиот митрополит Емануил со премиерката на Литванија

    На 6 февруари 2024 година, Халкидонскиот митрополит Емануил (од Цариградската патријаршија), како претставник на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, беше во Литванија на средба со премиерката на земјата Ингрида Шимонте. Во придружба на Митрополитот беше Егзархот на Цариградската патријаршија во Литванија, јеромонах Јустин Кивилоо, кој од неодамна и официјално ја презеде својата должност. Во епицентарот на срдечниот разговор беа теми во врска со службата на Патријаршискиот Егзархат во Литванија, но и пошироки прашања од заемен интерес. За време на неговата посета на Литванија, Митрополитот Емануил се сретна со клириците на Егзархатот, на кои им ги пренесе благословот од Патријархот и неговата ненамалена…

    Прочитај го текстот



  • Во Литванија Владата ја регистрираше Константинополската егзархија

    Во Литванија Владата ја регистрираше Константинополската егзархија

    Пишува: Елена Ошанина Министерството за правда на Литванија го одобри формирањето на егзархија на Константинополската патријаршија, пренесува ТАСС, повикувајќи се на претставникот на министерството, Паулус Жејмис. Тој изјави дека формирањето на Константинополската егзархија во државата не е во спротивност со литванското законодавство и оваа структура ќе биде запишана во државниот регистар на правни лица.  Според Жејмис, документите доставени во регистарот мора да бидат разгледани во наредните денови. Да потсетиме дека Литванија е канонска територија на Московската патријаршија. Во оваа земја дејствува Литванската црква. Во мај 2022 г., митрополитот Литвански Инокентиј се обрати до претстоителот на Руската православна црква со барање…

    Прочитај го текстот



  • Сослужување во Нишката епархија

    Сослужување во Нишката епархија

    На 10-ти февруари, кога светата Православна црква го празнува споменот на преподобниот Ефрем Сирин, на покана на игуменот на манастирот во Конџељ, Нишка епархија, а по повод неговиот именден, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во присуство на игумени од околните манастири и бројно свештенство. Следниот ден, 36-та Недела по Педесетница, епископот Делчевско-каменички г. Марко, на покана на игуменот на манастирот во Суково, отец Серафим, богослужеше и проповедаше за време на Светата Божествена Литургија. На Богослужбата присутен беше многуброен народ. За време на ручекот епископот им се заблагодари на браќата монаси за топлото гостопримство. Истиот ден…

    Прочитај го текстот



  • Неколку прашања за семејството

    Неколку прашања за семејството

    Икона од мачениците Терентиј и Неонила и нивните деца: Сарвелиј, Фотиј, Теодул, Јеракс, Нита, Вили и Евникија Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски 1. Зошто е важно да зборуваме за семејството и за неговите вредности? Кога се говори за семејството и за здравите темели на таа заедница ние ја подигнуваме свеста за семејните вредности. Семејството е нашата прва лична заедница во која и преку која го обликуваме нашето општо мислење и нашето перцепирање за целиот свет и целокупниот живот околу нас. За верниците, пак, црквата е светата заедница која го претставува Телото Христово на еден свет и таинствен начин.…

    Прочитај го текстот



  • За првпат – православни гробишта во Јапонија

    За првпат – православни гробишта во Јапонија

    Пишува: Андреј Урсулеан Романската парохија „Свети великомаченик Георгиј“ од Токио,[1] на крајот од минатиот месец, отвори православни гробишта во Јапонија, во Јаманаши. Заедницата предложува да донесе и дрвена црква од Романија којашто ќе биде наменета како капела при самите гробишта. Земјиштето од 1 200 квадратни метри беше концесионирано на крајот од минатиот месец и ќе служи исклучиво за погребување на православни луѓе од Јапонија. Постапката за концесионирање беше спроведена од страна на  романската заедница во јапонските земји (преку парохискиот свештеник Даниел Корау) и од Јапонското погребно здружение, предводено од двајца будистички монаси. Истовремено, парохијата објави дека има достапни погребни места,…

    Прочитај го текстот



  • Најава: Интервју со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

    Најава: Интервју со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

    Наскоро на Литургија.мк: Интервју со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

    Прочитај го текстот