Најнови објави

  • Кипарски Архиепископ Георгиј: Плановите на Турците се однесуваат на целосно заземање на Кипар

    Кипарски Архиепископ Георгиј: Плановите на Турците се однесуваат на целосно заземање на Кипар

    „Многу јасни се плановите на Турците, кои бараат не само консолидирање на она што е остварено, туку целосно заземање на Кипар“. Кипарскиот Архиепископ Георгиј ова го изјави во манастирот „Махера“ (на Кипар), каде беше отслужен помен по повод годишнината од загинувањето на Григорис Авксентиу (борец на Националната организација на кипарски борци, загинат во борба против Англичаните во 1957 година). Архиепископот упати апел до грчката влада, и до целиот грчки свет, да не го остават Кипар да биде жртва во рацете на Турците. При тоа, тој нагласи дека „ако падне овој последен бастион на елинизмот, тогаш ќе започне деконструкцијата на цела…

    Прочитај го текстот



  • Порталот „Литургија.мк“ – мета на сајбер напади

    Порталот „Литургија.мк“ – мета на сајбер напади

    Порталот „Литургија.мк“ во неделата, 3 март, попладне и во понеделник, 4 март, утрото, беше мета на DDoS напади, заради што неколку часа во неделата навечер сајтот беше недостапен за посетителите. Овие проблеми се засега решени, и порталот продолжува да работи нормално.

    Прочитај го текстот



  • Архиепископот Севастиски Теодосиј (Атала Хана): Прогоните на кои е изложена Православната црква во Украина се неправедни и не може да бидат оправдани во никаква форма

    Архиепископот Севастиски Теодосиј (Атала Хана): Прогоните на кои е изложена Православната црква во Украина се неправедни и не може да бидат оправдани во никаква форма

    Ерусалим – рече архиепископот Севастиски Теодосиј (Атала Хана) од Ерусалимската патријаршија – во контекст на последните настани, смета дека е навредливо и тажно што Православната црква во Украина е прогонувана и угнетувана од државните структури, и покрај сите обраќања и апели кои се упатени. Прогонот против епископите и свештениците сѐ уште трае, а посебна тема е незаконското заземање манастири и цркви, како и обидите за притисок врз Православната црква во Украина. Неодамна добивме извештаи за прогонот на кој е изложен Неговото Високопреосвештенство Теодосиј, митрополитот Черкаски и Каневски од Украинската православна црква. Го изразуваме нашето неприфаќање и осуда на овој неоснован,…

    Прочитај го текстот



  • Митрополитот Kрушевско-демирхисарски г. Јован и Викарниот епископ Дремвицки г. Давид сослужуваа во Захумско-херцеговската епархија на Српската православна црква

    Митрополитот Kрушевско-демирхисарски г. Јован и Викарниот епископ Дремвицки г. Давид сослужуваа во Захумско-херцеговската епархија на Српската православна црква

    Во неделата на блудниот син, Света архијерејска Литургија во Соборниот храм на Преображението Господово, во Требиње, Босна и Херцеговина, служеше Високопреосвештениот митрополит на Месогеја и Лавреотики г. Николај, од Црквата на Грција, во сослужение на Високопреосвештениот митрополит Крушевско-демирхисарски, г. Јован и Преосвештениот епископ Дремвитски г. Давид од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, заедно со Преосвештените епископи на Српската православна црква: Дизелдорфскиот и на цела Германија г. Григориј, Западноамериканскиог г. Максим, Славонскиот г. Јован, Далматинскиот г. Никодим, Будимљанско-никшичкиот г. Методиј, и Захумско-херцеговскиот и приморски г. Димитриј. Со евангелска беседа, на собраните верници им се обрати епископот Западноамерикански г. Максим. Беше…

    Прочитај го текстот



  • Будимпештански и Унгарски митрополит Иларион (Алфеев): Новите решенија на Католичката црква им противречат на основните христијански етички норми

    Будимпештански и Унгарски митрополит Иларион (Алфеев): Новите решенија на Католичката црква им противречат на основните христијански етички норми

    Будимпештанскиот и Унгарски митрополит (од Руската православна црква) Иларион (Алфеев), во интервју за РИА, се осврна на работата на библиско-богословската комисија на Руската православна црква, чиј претседател е тој. Неодамна, комисијата ја разгледа новата декларација на Католичката црква „Fiducia supplicans“, со која се дозволува благословување на истополови бракови (за што веќе известивме). Според Митрополитот Иларион, Руската православна црква се зафатила со разгледување на овој документ, затоа што таа е во дијалог со Католичката црква и постојат заемни контакти. „Ние сметавме дека е наша должност да одреагираме на една таква новина“ – истакнува Митрополитот. Во врска со ова прашање, тој понатаму…

    Прочитај го текстот



  • Недела на блудниот син

    Недела на блудниот син

    Протојереј Златко Ангелески „Овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде“ Колку прекрасна и колку восхитувачка е приказната која секоја година се чита во Православните храмови во подготвителниот период пред почетокот на Великиот пост, приказната за блудниот син, која ние толку добро ја знаеме, толку добро ја паметиме, и која секоја година ни се враќа со нови сили, разбуду­вај­ќи ги во нас чувствата, како за својата сопствена грешност, така и за можнос­та за ново покајание. Приказната за блудниот син е химна на покајанието, која ни зборува за тоа како милостивиот Господ го чека човекот, го чека…

    Прочитај го текстот



  • 124-годишнина од првата Литургија во Јужна Кореја

    124-годишнина од првата Литургија во Јужна Кореја

    На 1 март, на денот на споменот на светиот маченик Теодор Тирон, во храмот на Христовото Воскресение во Сеул беше отслужена Божествена Литургија, објави на својата Фејсбук страница Патријаршискиот егзархат за југоисточна Азија на Руската православна црква. На овој ден православната заедница во Јужна Кореја ја прослави 124-годишнината од првата Литургија на оваа земја. Извор: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=389172183725732&id=100078988606360&mibextid=oFDknk

    Прочитај го текстот



  • Издадени се нови книги на Лемесоскиот митрополит Атанасиј

    Издадени се нови книги на Лемесоскиот митрополит Атанасиј

    Во издание на светогорскиот манастир „Ватопед“, излегоа од печат две нови книги на Лемесоскиот митрополит Атанасиј (од Црквата на Кипар): „Блаженства“ и „Божествена Литургија“. Изданијата официјално ги промовираше игуменот на ватопедскиот манастир, архимандрит Ефрем. Промоцијата се одржа на 29 февруари 2024 година во Лемесос (на Кипар). Лемесоскиот митрополит Атанасиј му се заблагодари на архимандритот Ефрем за неговата континуирана подршка на Лемесоската митрополија. А, игуменот Ефрем нагласи дека академското богословие треба да биде во комуникација со живиот опит. За време на манифестацијата, им беа доделени парични награди на ученици и студенти од епархијата. На настанот присуствуваа околу 2000 луѓе. Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/aytokefales_ekklisies/ekklisia_kiprou/%ce%b9-%ce%bc-%ce%bb%ce%b5%ce%bc%ce%b5%cf%83%ce%bf%cf%8d/lemesos-2-000-kosmou-gia-tin-parousiasi-ton-vivlion-tou-mitropoliti-athanasiou-fotovinteo/…

    Прочитај го текстот



  • Романската црква одлучи да основа свои епископии во неколку Европски земји

    Романската црква одлучи да основа свои епископии во неколку Европски земји

    Во четвртокот, на 29 февруари 2024 година, во големата сала „Патријарх Теоктист“ при Палатата на Патријаршијата, под претседателство на Неговото Блаженство, Патријархот Даниел, беше одржана работната седница на Светиот синод на Романската Православна Црква. Главните одлуки на Светиот синод се следниве: Канцеларија на Светиот синод Извор: https://basilica.ro/comunicat-noi-hotarari-ale-sfantului-sinod-al-bisericii-ortodoxe-romane-2024/

    Прочитај го текстот



  • Српскиот Патријарх Порфириј укажа на експоненцијалниот раст на нетолерантност на украинските власти кон Украинската православна црква

    Српскиот Патријарх Порфириј укажа на експоненцијалниот раст на нетолерантност на украинските власти кон Украинската православна црква

    Откако во украинскиот парламент, во прво читање, беше прифатен нацрт-законот бр. 8371, кој е насочен кон забрана на дејноста на Украинската православна црква, Патријархот Московски и на сета Рус Кирил им испрати писма на Претстоителите на помесните Православни цркви и на редица религиозни дејци, а, исто така, и на претставници на меѓународните организации. Патријархот Кирил, од името на сета полнота на Руската православна црква, им се обрати на Претстоителите на помесните Православни цркви со молба да истапат со поддршка на Украинската православна црква и на сите нејзини верни чеда, кои трпат оскрбувања и страдања заради словото Божјо и заради сведоштвото…

    Прочитај го текстот