Најнови објави

  • Две византиски цркви обновени и вратени на Костурската митрополија

    Две византиски цркви обновени и вратени на Костурската митрополија

    Грчкото Министерство за култура на 3 август 2026 година ѝ ги предаде на Костурската митрополија двете обновени византиски цркви, со што беше завршена уште една фаза од зачувувањето на културното наследство во овој град. Со свеченостите претседаваше министерката за култура Лина Мендони. Во рамките на настанот беше откриена обновената резбаната во дрво икона на свети Георгиј Победоносец од XIII век во храмот „Св. Георгиј“ во Оморфоклисија, во селото Пендаврисос, а беше одржана и свеченост по повод повторното отворање на храмот „Св. Архангели“ во центарот на Костур, јавува грчкиот црковен портал „Ортодоксиа“. Се смета дека храмот „Свети Архангели“ потекнува од IX…

    Прочитај го текстот



  • Младинските кампови на Црквата на Албанија – инвестиција во иднината

    Младинските кампови на Црквата на Албанија – инвестиција во иднината

    Од 23 до 30 јули 2026 година, во двата најважни духовни центри на корчанската митрополија на Црквата на Албанија: Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Бобоштица, за девојки, и манастирот „Свети Јован Крстител“ во Москополе, за момчиња, се одржаа национални младински кампови со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Јован и со поддршка на митрополитот Корчански, Неговото Високопреосвештенство г. Анастасиј. „Атмосферата во овие денови сведочеше дека Црквата продолжува да биде едно големо семејство, каде што младите не се сметаат само за нејзина иднина, туку и за нејзина сегашност, како што нагласуваше и нашиот блажен Архиепископ г. Анастасиј. Секој ден од кампот…

    Прочитај го текстот



  • Синодот на Црквата на Крит со молитва и помош за настраданите од пожарите

    Синодот на Црквата на Крит со молитва и помош за настраданите од пожарите

    Светиот епархиски синод на Црквата на Крит ја изразува својата длабока тага поради катастрофалните пожари што го погодија Ретимно и беснеат во други делови на земјата, со посебен осврт на човечките жртви. Во своето соопштение, Синодот наведува дека со „длабока болка и тага“ учествува во страдањето на погодените и се моли за покој на петтемина загинати кои ги загубија своите животи за време на акциите за гаснење на пожарите. Истовремено, упатува искрено сочувство до семејствата на починатите и ја изразува својата безрезервна поддршка и љубов кон сите што беа погодени од огнената стихија, нагласувајќи дека пред оваа голема трагедија „сите…

    Прочитај го текстот



  • Средба на Цариградскиот патријарх Вартоломеј со претседателот на Владата во егзил на Абхазија

    Средба на Цариградскиот патријарх Вартоломеј со претседателот на Владата во егзил на Абхазија

    На 4 август 2026 година, во просториите на Цариградската Патријаршија на Фанар, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, оствари средба со претседателот на Владата во егзил на Автономната Република Абхазија, Ѓорѓи Џинчарадзе. За време на средбата, соговорниците имаа можност да разговараат за актуелни прашања. Џинчарадзе истакна дека иницијативата на Цариградскиот патријарх да отпатува во Тбилиси за погребот на блаженоупокоениот архиепископ Мцхета-Тбилиски, митрополит на Бичвинта и Сухуми-Абхазија и католикос-патријарх на цела Грузија, Илија II, предизвикала силни емоции кај народот – известува интернет страницата на Цариградската Патирјаршија. Цариградскиот патријарх повторно се осврна на личноста на блаженоупокоениот патријарх Илија II, како и на добрата комуникација со…

    Прочитај го текстот



  • Естонија ја разгледува можноста за одземање на црквата „Александар Невски“

    Естонија ја разгледува можноста за одземање на црквата „Александар Невски“

    Иднината на познатата катедрала „Св. Александар Невски“ во Талин повторно стана предмет на политичка расправа, откако естонскиот министер за внатрешни работи Игор Таро повика да биде прекинат договорот за закуп со Естонската христијанска Православна Црква, која е во рамките на Московската патријаршија. Таро изјави дека градот Талин, кој е сопственик на објектот, треба предвреме да го раскине договорот за закуп, оценувајќи дека нема потреба од национализација, туку само од прекин на финансискиот тек кон „московската организација“. Катедралата „Александар Невски“ ѝ е дадена под закуп на Естонската Православна Црква во 2001 година со одлука на градскиот совет на Талин. Заменик-градоначалникот на…

    Прочитај го текстот



  • САД: 100 парохии од 9 јурисдикции донираа за мајки и новороденчиња

    САД: 100 парохии од 9 јурисдикции донираа за мајки и новороденчиња

    Оваа пролет православните христијани ширум Соединетите Американски Држави повторно се обединија за да им дадат поддршка на мајките, бебињата и семејствата во потреба преку 6. Национален православен „Бејби туш“. Она што започна како мала иницијатива прерасна во национално движење на сочувство, дарежливост и служење, обединувајќи ги православните парохии во заедничка посветеност на поддршката на жените кои се соочуваат со тешка бременост. Оваа година во акцијата учествуваа речиси 100 православни парохии од 9 црковни јурисдикции. Иницијативата традиционално се организира во периодот на празникот Благовештение и Великиот пост, давајќи им можност на православните христијани на практичен и милосрден начин да го живеат…

    Прочитај го текстот



  • Полска: Отфрлено признавањето на истополовите бракови склучени во ЕУ

    Полска: Отфрлено признавањето на истополовите бракови склучени во ЕУ

    Највисокиот суд во Полска, Уставниот суд, на 29 јули 2026 година го поништи прописот што требаше да овозможи правно признавање на истополовите сопружници кои склучиле брак во друга земја-членка на ЕУ, а потоа се преселиле во Полска. Полската влада претходно започна да ја усогласува својата пракса со пресудата на Судот на правдата на Европската Унија, според која Полска, иако не дозволува истополови бракови на својата територија, мора да ги признава браковите законски склучени во други земји на Унијата. Едногласната одлука на Уставниот суд може да предизвика институционален судир меѓу највисокиот суд на Полска и Судот на правдата на Европската Унија.…

    Прочитај го текстот



  • Московскиот патријарх Кирил се сретна со амбасадорот на Иран во Русија

    Московскиот патријарх Кирил се сретна со амбасадорот на Иран во Русија

    На 30 јули 2026 година, во Патријаршиската резиденција во Даниловскиот манастир во Москва, се одржа средба на Неговата Светост патријархот Московскиот и на сета Рус Кирил со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Исламската Република Иран во Руската Федерација, Казем Џалали. Поздравувајќи го гостинот, поглаварот на Руската Православна Црква со топлина се присети на нивната последна средба: „Разговаравме за нашите билатерални односи и за важноста на дијалогот меѓу нашите религии. Многу ми е драго што повторно го обновуваме нашиот братски дијалог и контакт.“ Амбасадорот му врачи на поглаварот на Руската Православна Црква писмо од сегашниот водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

    Прочитај го текстот



  • Литургиска прослава на Илинден во Струмица

    Литургиска прослава на Илинден во Струмица

    На 2 август 2026 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија, во манастирот Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички во Водоча беше отслужена архијерејска Божествена Литургија. На Литургијата началствуваше епископот Западноевропски г. Јустин од Српската Православна Црква, во сослужение со митрополитот Струмички г. Наум и викарниот епископ Стобиски г. Јаков. Сослужуваа и директор на Патријаршиската управна канцеларија на Српската Православна Црква архимандрит Данило, отец Николае Дорнеану од Јашката Архиепископија на Романската Патријаршија, заедно со свештенослужители од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни. Извор: https://www.facebook.com/share/p/1BgEZFg8x4/

    Прочитај го текстот



  • Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден

    Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден

    Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо разбојништво, па потем и натаму да се напаѓаат, уништуваат и прекоруваат народи, кои со ништо не ти пречат, ниту политички и економски те загрозуваат? Политиката „направи го својот сосед – просјак (beggar–thy–neighbor policy)“ со средства што имаат тенденција да ги влошат политичките и економските проблеми на соседната држава (неефикасни макроекономски резултати…

    Прочитај го текстот