-

Архијереј на Украинската Православна Црква сослужуваше на прославата на свети Јован Рилски во Бугарија
Митрополитот Сливенски Арсениј началствуваше на Литургијата на 18 август 2026, на празникот Успение на свети Јован Рилски, во храмот посветен на овој светител во Бургас. Архиепископот Јов, ректор на Почаевската богословија, од Украинската Православна Црква, сослужуваше заедно со други свештенослужители од Бугарија и Украина, објави Бугарската православна црква. Тој пристигна во Сливенската епархија како пратеник на Блаженејшиот митрополит Киевски и на цела Украина Онуфриј, со цел подобро да се запознае со парохиите во кои во текот на изминатата година служат украински свештеници, грижејќи се за своите сонародници кои поради војната нашле засолниште во Бугарија. Двајца од украинските свештенослужители се клирици…
-

Телевизиско прикажување на филмот „Чудотворецот од Чепеларе“
На 22 и 23 август (сабота и недела), од 14:15 часот, на првата програма на Бугарската национална телевизија беше емитуван филмот „Чудотворецот од Чепеларе“, посветен на отец Евстатиј Јанков, познат и како „Родопскиот владика“ (1886–1952). За жителите на неговото родно Чепеларе, тој бил заштитник и потпора, а и денес тие веруваат дека бдее над нив и им помага. Неговите проповеди биле извонредни, како со зборови да ги водел луѓето. Како парохиски свештеник и исповедник, отец Евстатиј се занимавал со добротворна дејност, предавал веронаука со посебен пристап кон секој човек и ги обединувал луѓето. Уште поголеми биле неговите чуда, за кои…
-

Толкување на Евангелието според Матеј, 15 дел
Петнаесетти дел од предавањата по веронаука на тема: „Толкувања на Евангелието според Матеј од светите отци на Православната Црква“. Овие предавања се одвиваа со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во храмот „Св. Тројца Јерарси“ во Скопје, во текот на 2024 и 2025 година, а ги држеше архимандритот Иринеј (Стефановски). Во петнаесеттиот дел се опфатени светоотечките толкувања на стиховите 9 до 31 од деветтата глава од Евангелието по Матеј.
-

Соопштение во врска со планираната посета на Архиепископот на Американско-канадската епархија
Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук (Чикаго). На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква. Од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА
-

Oсветување на куполен крст и камбана за храмот „Успение Богородично“ во с. Галате
На 23 август 2026 година, во манастирскиот храм ,,Успение на Пресвета Богородица” во с. Галате, Гостиварско, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши осветување на куполниот нов крст и камбана за храмот. Митрополитот Јосиф му се заблагодари на црковниот одбор за нивната грижа, љубов и ревност во обнова на овој манастир и, меѓу другото истакна: Браќа и сестри, Денес, неколку дена пред Успението на Богомајката, село Галате доживува голема духовна радост со осветувањето на новиот куполен крст и камбана за овој велелепен храм „Успение на Пресвета Богородица“. Новиот крст на куполата е свештен знак на Христовата победа и светилник што од височината…
-

Реиздание на книгата „Богородично правило“
Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, Повардарската епархија соопштува дека со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излезе реиздание на книгата „Богородично правило“, во издание на Издавачката дејност на епархијата „Св. Ѓорѓи Полошки“. „’Богородичното правило’ претставува драгоцено молитвено четиво посветено на Пресвета Богородица и на нејзиното непрестајно застапништво пред нејзиниот Син и наш Бог, Господ Исус Христос. Ова молитвено правило, низ вековите, за многумина верници претставува помош и поттик за продлабочување на личниот молитвен живот, за стекнување духовен мир и за приближување кон Бога преку молитвеното застапништво на Божјата Мајка“ – се вели во известувањето од…
-

Архијерејска Литургија и свештеничко ракополагање во с. Добрушево, Битолско
На 23 август 2026 година, во Дванаесеттата недела по Педесетница, кога светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик и архиѓакон Лаврентиј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи света Божествена Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во село Добрушево, Битолско. На Божествената Литургија Митрополитот Пеатар го ракоположи ѓаконот Димитар Поп Атанасов во свештенички чин. По призивот на Светиот Дух и полагањето на архиерејските раце, новоракоположениот свештеник ја прими благодатта на свештенството, за да Му служи на Бога и на Неговата Света Црква и да се грижи за духовното спасение на доверениот верен народ. На светата Божествена Литургија, Митрополитот Петар…
-

Грузиската Црква предупредува на опасностите од коцкањето меѓу малолетници
Грузиската Православна Црква на 18 август 2026 година, објави соопштение во кое предупредува на опасностите од вклучувањето малолетници во коцкањето, по неколку неодамнешни случаи во кои, според наводите, деца биле вклучени во јавни настани поврзани со коцкање низ земјата. Патријаршијата соопшти дека во последно време во различни грузиски градови биле откриени повеќе случаи во кои малолетници биле вклучени во настани со коцкарски содржини, одржувани на јавни места, оценувајќи дека за ова прашање треба соодветно да реагираат надлежните државни институции. Коцкарскиот пазар во Грузија функционира во рамките на регулиран систем на лиценцирање, а минималната возраст за граѓаните да учествуваат во коцкање…
-

Брутално убиен монах и повредени уште двајца во Свјатогорската лавра
Во неделата на 23 август 2026 година група непознати лица упаднала на територијата на Свјатогорската Свето-Успенска лавра на Украинската Православна Црква и извршила брутален вооружен напад врз монашкото братство. Според сведоштвата на очевидци и дополнителните информации, нападот се случил околу 11 часот претпладне во близина на храмот „Свети Никола Чудотворец“, кој се наоѓа во горниот дел од манастирскиот комплекс. Група непознати вооружени лица во цивилна облека го нападнала манастирското братство, во чин кој присутните го оценуваат како однапред планирана акција. Со особена, нечовечна бруталност бил одземен животот на монахот Варсонуфиј. Според информациите, неговото тело било пронајдено со повеќе убодни рани,…
-

Митрополитот Горловски Митрофан повреден во напад со дрон
Цел на напад со беспилотно летало (дрон) била Соборниот храм „Богојавление“ во градот Горловка, при што бил повреден Митрополитот Горловски и Славјански Митрофан, како и уште три лица. Според официјалното соопштение на Горловската епархија, инцидентот се случил во неделата, на 23 август 2026 година. Имено, украинската армија извршила напад врз просторот околу Соборниот храм во моментот кога таму се наоѓале митрополитот, свештенослужители и доброволци. Митрополитот Митрофан бил веднаш пренесен за да му биде укажана неопходна медицинска помош. Лекарите потврдиле дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека нема опасност по неговиот живот. Во нападот биле полесно повредени и протоѓаконот на…
