Митрополит Теоклит од Грчката црква: Православниот светоглед е спротивен на „woke културата“ што ја промовира „меѓународниот фактор“ преку медиумите

Во 7 недела по Педесетница, Високопреосвештениот Митрополит на Јерисос г. Теоклит, од Православната црква на Грција, ја посети парохијата на Успението на Богородица во местото Ардамери, историски и археолошки вреден храм, каде што отслужи света Божествена Литургија.

Во својата проповед на богослужбата, Високопреосвештениот Митрополит, откако ги изрази своите силни чувства заради присуството на историските места, опеани од народната муза, говореше за послушноста. „Послушноста“ – истакна проповедникот – „ е да се нема доверба во себеси до крајот на животот. Тоа е благодатта што ни ја дава Бог за да ја закопаме својата волја, да ја ставиме во Неговата рака, за Тој да ја промени и преобрази во Негово присуство.“

Тој нагласи дека: „Послушноста не значи слугување или одрекување на личната слобода – што го уништува човекот, лишувајќи го од највредниот подарок на животот – туку во Православието послушноста се доживува како одговорно и крајно слободно, јавно дејствие кое го благодатува човекот и се гради со трпеливост како израз на синовска врска, под епитрахилот на опитен и свет духовен отец, откако претходно е закопана волјата.“ Тој истакна дека: „Ова е спротивно на она што денес под изговор на ’човековите права’, го промовираат медиумите, ’woke културата’ на нашето време, нешто што меѓународниот фактор и телевизијата го промовираат како цивилизација и современ начин на живот!“

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/64702-ierissoy-o-diethnis-paragontas-provallei-os-politismo-tin-woke-koultoyra