Митрополит Онуфриј: Легализирањето на гревот не ги решава проблемите на човештвото

Поглаварот на Украинската Православна Црква, митрополит Онуфриј Киевски и на цела Украина, во осмата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на Светите Отци од првите шест Вселенски Собори, отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Агапит Печерски“ во Киево-Печерската лавра и им се обрати на верниците со беседа.

Во своето слово, поглаварот на Украинската Црква говореше за современите предизвици со кои се соочува човештвото.

„Се легализираат гревови што Бог ги забранува: абортусот, за да има помалку луѓе; евтаназијата, која претставува самоубиство; и истополовите бракови, од кои не можат да се раѓаат деца“, рече митрополитот тој.

Тој нагласи дека секој обид за „регулирање“ на бројот на населението преку грев – вклучително и преку војни и востанија – е недозволив и погубен за човештвото.

Поглаварот објасни дека гревот, по својата природа, го уништува човекот – или непосредно ја убива душата, или постепено го разорува животот преку болести и страдања.

„Кога донесуваме закони што Бог не ги одобрува, ние самите се уништуваме; самите си изрекуваме осуда“, предупреди митрополитот Онуфриј.

Тој ги потсети верниците дека вистинското решение за проблемите на човештвото не се наоѓа во гревовните ограничувања, туку во враќањето кон Бога.

„Кога гревот се лекува со грев, тој не исчезнува – туку се умножува“, заклучи тој.

На крајот, тој го повика своето паство да се откаже од земната удобност и да Го следи Христа, дури и по „тесниот пат“.

За Христом потрібно йти навіть тоді, коли це незручно — ПредстоятельЗа Христом потрібно йти навіть тоді, коли це незручно — Предстоятель

Извор: https://uoc-news.church/2026/07/26/predstoyatel-ocholiv-bozhestvennu-liturgiyu-u-nedilyu-svyatix-otciv-shesti-vselenskix-soboriv-2026/  преку: https://orthodoxostypos.gr/αρχιεπ-ονούφριος-η-νομιμοποίηση-της-α/